Автор: Николоска Биљана

sednica

Советнички прашања на 47 та седница на охридскиот Совет

Post Views: 4   Охридските советници прашуваа, градоначалникот Никола Бакрачески и секретарот на општина Охрид Димитар Спасески одговараа. Денес се одржа 47 седница на Советот на општина Охрид со единствена точка на дневен ред, советнички прашања. Најголем број од прашањата беа упатени до градоначалникот на општината. Тие се однесуваа на проектите од патната и комуналната инфраструктура, но имаше прашања и со политички примеси. Советникот од редовите на СДСМ Јован Стојаноски праша, кога може да очекуваме гасификација во Охрид како и тоа до каде е изградбата на фудбалското игралиште...

Continue reading

Грозданов најави изградба на две катни гаражи во Охрид

Post Views: 0 Две катни гаражи треба да никнат во Охрид. Според најавите на првиот човек на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, отпочнувањето со реализацијата на овој капитален проект треба да се случи на почеткот од 2016 год. Очекуваме да изнајдеме заеднички јазик со нашите сограѓани, вели Грозданов. „Се тоа зависи од експропријацијата и од обесштетувањето на граѓаните којшто имаат имот таму и дооформувањето на оваа парцела. Поточно, ќе имаме проектирање, но и тендер, јавна набавка и доколку  биде успешен јас се надевам дека ќе...

Continue reading

Водата во Охрид и Струга исправна за пиење

Post Views: 1 Водата за пиење од градскиот водовод во охридското поднебје е исправна, истата редовно се хлорира и се вршат сите потребни анализи, тврди првиот човек на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид Томе Паскалоски. „Согласно правилникот за исправност на водата од 2008 год, значи Центарот за Јавно Здравје врши секојдневни анализи, вршат нашите вработени, анализи кои не се валидни пред другите органи, паралелно се врши контрола од Центарот за јавно здравје и два пати годишно се врши од републичкиот Центар за јавно здравје, водата е исправна на сите избирачки места со сите мостри што...

Continue reading

Сообраќајните знаци во Охрид, мета на вандали

Post Views: 9 Уништени сообраќајни знаци не ретко може да се забележат на повеќето улици во градов.  Искршени, искривени, исшкртани сообраќајни знаци можат да се забележат на повеќе улици во општинава, проблем што постои подолго време. Кружните текови посебно се на нишан на несовесните сторители, па така не ретко се случува на кружниот тек во непосредна близина на болницата, возачите, патот за Битола да го бараат во населба Бараки, како што кажаа жители од оваа населба. Од секторот за комунални дејности сообраќај и улици тврдат дека не станува збор за погрешно поставена вертикална...

Continue reading

Работен викенд за македонските муфтиите

Post Views: 2 Нема да дозволиме никогаш да се влошат меѓуетничките односи во Р Македонија или некој да иницира и да ги потпали страстите. Ова го порача Реисул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи на денешниот работен состанок на муфтиите во Охрид, коментирајќи го последниот извештај на ЕУ во кој се посочува дека меѓуетнички односи во Македонија се многу кревки. Со оглед на тоа дека се наближуваат изборите, се наметнува прашањето дали партиите и политичарите би можеле меѓуетничките односи да ги искористат за задскривање на некои други работи. Реџепи со став. „Веројатно има органи и тука...

Continue reading

Граѓаните прашуваа, градоначалникот одговараше

Post Views: 0   Дел до граѓаните на Охрид и охридско денес имаа можност да бидат лице в лице со градоначалникот Никола Бакрачески. Тие прашуваа, градоначалникот одговараше. Граѓаните се интересираа за повеќе области од нивното секојдневно живеење, но  најмногу беа заегнати со проблемите од комуналната сфера. Наш сограѓанин од ул „Сирма Војвода“, кој неколку пати јавно бараше асфалтирање на потегот помеѓу улиците Сирма Војвода и Момчило Јорданоски, денес доби ветување од првиот човек на градот дека локалната веќе работи на надминување на овој проблем и во најскоро време ќе добијат...

Continue reading

Конечно Охрид добива базен

Post Views: 1 Отпочнаа градежните активности за изградба на затворениот пливачки базен во Охрид. Градоначлникот на Охрид Никола Бакречески, заедно со неговиот тим и стручните служби во Локалната самоуправа успеаа за година и пол  да остварат едно големо ветување дадено на граѓаните на Охрид, да реализираат  еден од најкапиталните проекти за градот во последниве десеттина години. Со овој проект ќе се врати духот на водените спортови, пливањето и ватерполото. Како што истакна Бакрачески, изминатиов период успеале да ги подготват сите потребни документи, од урбанистичко плански документации,...

Continue reading

Пуштени во употреба реконструираните улици

Post Views: 3 Во текот на денешната обиколка на Охрид и охридско, прво ја посетија новоотворената Филмска академија каде што ги увидоа условите за работа на оваа институција. Следуваше свечено пуштање во употреба на реконструираната улица „Ристо Чадо“, една од поважните сообраќајници во градов, која години наназад беше во катастрофална состојба. Се направи увид и на неодамна реконструираната улица „Илија Смически“ во село Лескоец, која им создаваше доста потешкотии во секојдневното функционирање на мештаните во ова село. Го посетија и Велгошти, каде што продискутираа за актуелните...

Continue reading

На охридските таксисти им е „тесно“, бидејќи сакаат да се паркираат во центар

Post Views: 7 Многу лиценци за такси, а малку паркинг простор. Охридските таксисти со забелешка до надлежните дека во Охрид се издаваат повеќе од потребното лиценци на такси возачите, без Локалната самоуправа да обезбеди доволно паркинг места наменети за нив. Тие не сакаа да коментираат пред камерата на ТВМ. Портпаролот  на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески информира дека имале издадено 300 изводи од лиценци за вршење авто такси превоз, и смета дека во Охрид има доволно паркинг места, но проблем било што охридските таксисти ги посакувале само атрактивните...

Continue reading

Локализиран пожарот во Куратица

Post Views: 1 Изгоре голема површина на нискостеблеста и дабова шума во Куратица, охридско. Мештаните и екипи на ТППЕ цели два дена се бореле со огнената стихија, која започнала од Прентов Мост и со брз интензитет се проширила кон шумата. Претседателот на М. З. Горан Ангелоски, вели дека доколку екипите од шумското претпријатие  реагирале навреме штетата би била помала и пожарот ќе се локализирал за пократко време.  Ангелоски информира дека за состојбата лично го информирале секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески кој веднаш ноќта пристигнал со противпожарната екипа од Охрид. „Се...

Continue reading

Американската зелена карта не е предизвик за охриѓани

Post Views: 1 Еден од начините што граѓаните сакаат да го искористат за заминување од државата е лотаријата за добивање на зелена карта за Америка. Во Охрид постои интерес, но не толку изразен, за оваа лотарија, посебно кај младата популација. Причините заради кои младите охриѓани сакаат да заминат од својот град најчесто се од економски. Вработување и подобар живот е одговорот што најчесто го дадоа нашите соговорници. Но за добар дел од нив Американскиот континент и не е некој предизвик. Поголем дел од нашите соговорници не сакаа да коментираат пред објективот на ТВМ.Инаку, со помош...

Continue reading

Да не се менуваат често воспитувачките во малите групи во градинката бараат родителите

Post Views: 9 Во детската градинка „Јасна Ристеска во последно време кадарот што работи со најмалите деца често се  менува. На ваквата практика реагираат загрижени родители. Тие велат дека за повеќе деца тргнувањето во градинка претставува стрес како за детето така и  за родителот, пред се од аспект на оделувањето од родителот и навикнување на детето на новата средина. Укажуваат и на тоа дека децата непознатиот простор го доживуваат со низа емоционални реакции, како што е несреќно плачење и пасивност, остро протестирање, слабо јадење како и кратко и немирно спиење. Родителот најчесто...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top