Post Views: 0
Од денеска почнуваат Божиќните пости. Во наредниве 40 дена сите православни верници со мирна совест можат да постат во знак на послушност кон Бога, кон кого, секој кој ќе пости, ја нуди својата духовна пожртвуваност и смиреност. Отец Љупчо Симиџиески за ТВМ ја појасни суштината на постот од аспект на телесно и духовно постење. Според него во овој период, молитвата кај православниот христијанин треба да биде застапена што повеќе, посебно во неделите кога започнуваат светите Божествени литургии.
„Телесниот пост се пости во понеделник среда и петок без масло другите денови...
Post Views: 5
ЈП „Градски Гробишта“ Охрид неодамна донело одлука за измена и дополнување на постоечкото урбанистичко решение за гробната парцела Х 402. Одлуката била донесена од страна на Управниот одбот на ЈП. Според неа 19 корисници се известени дека се изработени и ќе се продаваат гробни места на почетокот на секоја гробна парцела што е во непосредна близина на гробното место кое го поседуваат овие 19 корисници. Рокот за постапка по оваа одлука е 5 дена од приемот на дописот.
Дел од корисниците на гробните места реагираа до нашиот медиум дека не се задоволни од една ваква одлука...
Post Views: 0
Изградбата на Дом за стари лица во Охрид засега останува само на хартија.Нема никакви активности околу отпочнување со реализација на овој капителен проект кој претставува една од најсушните потреби на градот, забележува Виолета Мицкоска – советничката од СДСМ. Таа до градоначалникот се обрати со неколку прашања во врска со изградбата на овој објект како и за запазување на роковите околу отпочнување на неговата изградба.
„До каде е изградбата за стари и изнемоштени лица незнам по кој пат го поставувам ова прашање, секако дека тој простор го дадовме односно го продадовме,...
Post Views: 1
По тој повод ги посетија старите лица во Геријатриското одделеније во Општата болница во Охрид.
Таму членките од ова згдружение поминаа пријатни часови во дружење со нив.
Post Views: 1
Поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела од кои 4 „тешка кражба“ и 5 „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П.(23) од Либражд-Република Албанија.
Тешките кражби, пријавениот ги извршил во текот на јули,октомври и ноември оваа година во авто-сервис, куќа и продавница во струшките села Долна Белица,Велешта, Радолишта и Заграчани.
А.П. со кршење на стаклото од подрумска просторија, влегол во куќа во Долна Белица при што одзел 2 плазма телевизори а со кршење на стакло од излог, од продавница...
Post Views: 6
Советниците треба да ја изгласаат предлог одлуката за утврдување Нацрт фискална стратегија и развојни програми на општина Охрид за 2016 година. Освен за оваа точка, градските избраници треба да расправаат и за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од обилни врнежи од дожд со поплави настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 10.10.2015 година.
На дневен ред уште на ова издание на седницата на советот треба да се најдат и Предлог Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комуналните услуги, како и Предлог Одлуката за донесување...
Post Views: 3
Централниот регистар на Република Македонија од понеделник ќе организира Отворени денови во регистрациските канцеларии низ државата.
Отворените денови во Охрид и Струга се закажани за 15 декември.
Во рамките на акцијата тимови на Централниот регистар ќе бидат достапни да информирмираат за измените во законската регулатива, како и да одговарат на сите отворени прашања на граѓаните.
Ова е трета акција на Централниот регистар на Република Македонија.
Post Views: 4
Водоводно – канализационата мрежа во делови на градот сеуште горлив проблем на охиѓани. Состојбата посебно кулминира при големи врнежи на дожд кога некои улици се претвораат во мали езерца. Не може да се заборави излевањето на фекалната канализација која се случи август месец, минатото лето, во туристичката населба Лагадин пред очите на странските туристи, посочува советничката на СДСМ Виолета Мицкоска. Таков е примерот и во Даљан каде често стигнуваат поплаки на жителите дека фекална канализација се излева и оди во речните канали и во езерото, додава Мицкоска.
„Секој...
Post Views: 38
Немав намера да пукам во Ромео Ѓузелоски ниту во било кој друг човек, отидов да си ги побарам парите што ми ги должи, изјави Бојан Петрески првообвинетиот во случајот на двојното убиство во Император. Денес во Основниот суд во Охрид се одржа главна расправа од овој случај каде се вршеше распит на двајцата обвинети. Првообвинетиот раскажа дека при обид да си го побара долгот од сега починатиот Ромео, тој ја подигнал кошулата со цел Бојан да види дека носи пиштол и му се заканил дека ќе го убие. Веднаш потоа на терасата од ресторанот започнала тепачка при што се скршила...
Post Views: 3
Четири охридски фамилии стравуваат како ќе ја поминат зимата која доаѓа. Како што кажаа станарите при врнежи на дожд или снег куќата во која моментално живеат попушта. Таваните веќе се распукани, во одаите на дел од ѕидовите има и мувла а на средина од собите распослани се кебиња бидејќи од сите страни им капе. Станува збор за објект кој се наоѓа помеѓу охридската Маларична болница и ОУ „Григор Прличев“.
„Овде живееме уште од поплавата кога беше во Воска. Ни кажаа за итен смештај и овде не остадоа. Се плашам, кога врне повеќе овде пробива бидејќи чатијата е отворена,...
Post Views: 14
Православните верници денес го слават празникот Собор на свети Архангел Михаил односно светиот дух Архангел (ангел) Михаил, првиот ангел за кој се верува дека му е рамен на Бога. Аранѓеловден е втората најголема слава кај нашиот народ, пред Ѓурѓовден. Постојат многу традиционални народни верувања за овој ангел. Се верува дека тој ги посетува сите болни луѓе. Многу од христијаните веруваат дека е жив, па за неговата слава не прават пченица. Во народот исто така постои верување дека на овој ден не треба да се обавуваат никаки домашни работи, метење, перење, чистење…...
Post Views: 5
Охридските улици „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“, биле некомплетно реконструирани. Ваквата забелешка ја изнесе советничката од редовите на охридските социјалдемократи, Жаклина Лазаревска. Таа кажа дека до неа се пожалиле граѓани од ул „Ристо Чадо “, кои тврдат дека цевоводот кој поминува од нивната улица е со азбестни цевки кои имаат одредено штетно влијание.
„Дали за 700 – 800 метри односно за 800 евра не би било подобро да ги замените на Ристо Чадо со соодветни водоводни цевки. При пуштење и реконструкција на ул. „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“, што за мене е добра работа,...