Автор: Николоска Биљана

„Саем за наука и култура“, во Јахја Кмал Струга

Post Views: 10 Секоја втора година приватното средно училиште „Јахја Кемал“ традиционално го организира „Саемот за наука и култура“. Овој саем претставува изложба на научни експерименти и културолошки проекти од области на предметите матеметика, физика, хемија, биологија, информатика, англиски јазик, македонски јазик, албански јазик, турски јазик, историја и географија, изработени од повеќе групи ученици од неколку училишта од Струга, Охрид, Дебар ,Кичево, Ресен. Заменик директорот Коста Хиохи истакна дека вистинско задоволство е на едно место да се забележат толку насмевнати лица...

Continue reading

Лабуништани бараат затворање на каменоломитеи повлекување на концесиите

Post Views: 10   Прекрасната природа и чист воздух во Лабуништа струшко, се гуши во прашина од каменоломи. Како што за ТВМ изјавија жителите од ова село нивниот кошмар започнал пред две децении во 1997 година кога во радиус од еден километар никнале три каменоломи, а од пред извесно време со работа почнал уште еден. Лабуништани се гневни на надлежните посебно на Министерството за економија, кое издава дозволи за отворање на каменоломи. Абдула Ќазимоски жител на Лабуништа истакна дека не е добро на сметка по здравјето на 9000 илјади жители колку што има во нивното село, да се штитат...

Continue reading

Струшката градинка дел по дел ги решава проблемите

Post Views: 1   Струшката градинка „8 ми Март“, дел по дел ги надминува проблемите со кои години наназад се соочува. Објектите во кои престојуваат околу 500 деца речиси 35 години не се комплетно реновирани. Проблемите од недостаток на простор, зголемениот интерес за престој на дечиња, кровот кој и при најмали врнежи од дожд прокиснуваат, директорот на установата Сашо Клечкароски, се нафатил сериозно да ги реши. Тој не крие дека наследил незавидна состојба, но и тоа дека успеал околу 90% од истиот да го врати и во моментов немаат посериозни долгови. „Во моментот кога почнав со работа...

Continue reading

Прифатен центар за кучиња скитници, приоритет на Југозападен плански регион

Post Views: 1 Општина Струга е подготвена да избере локација за изградба на регионален прифатен центар на бездомни кучиња. Но, според градоначалникот на Струга, Зијадин Села, прво треба да почне да работи полицијата и да го спречи нелегалното транспортирање на кучињата скитници од град на град, бидејќи досега како што истакна Села, нема официјален податок за регистрирање и санкционирање на таква појава. Откако тоа би се решило, локалните самоуправи од Југозападниот плански регион ќе можат да пристапат кон долгорочно надминување на овој горлив проблем. „Јас како градоначалник на општина...

Continue reading

Стружанец искасан од куче заврши на болница

Post Views: 19   Жител на село Мислешево искасан од кучиња од расата „Питбул“. Мештаните на ова струшко село на 20 март беа сведоци на стравична слика кога два питбули го нападнале 34 годишниот А.Ф. од истото село и го искасале во пределот на стомакот при што му нанеле тешки повреди. Повредениот и исплашен мислешевчанец веднаш бил префрлен во Општата болница во Струга. Случајот веднаш бил регистриран од струшката полицијата. Портпаролот Стефан Димоски вели дека ова е прв ваков регистриран настан годинава. „Нападот на кучињата врз случајниот минувач бил секавичен тие мошне аграсивно...

Continue reading

Лоша патна инфраструктура до струшко Калишта

Post Views: 0 Трикилометарскиот пат од Струга до Калишта преполн со дупки. И покрај најавата и ветувањата на владеачката гарнитура на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ дека овој патен правец ќе биде асфалтиран, до ден денес останаа само празни ветувања, реагираат мештаните на оваа туристичка населба. Претседателот на МЗ Урим Јусуфи вели дека повеќе од 4 децении откако е направен хотелот Бисер не било инвестирано во патна инфраструктура во нивното село. „Како што гледате, дупките се полнат по пат на тендер, а можеби тоа чини и повеќе од асфалтот нов што требаше да се постави. Немам доверба повеќе...

Continue reading

Намалени блок дотациите во струшките гимназии

Post Views: 2   Владата на Р. Македонија продолжува да ја деградира општина Струга во насока на инвестиции во образованието, велат од секторот за образование при општина Струга. Струшките гимназии второто полугодие го започнаа со намалени блок дотации за 62 000 евра. Како што информираше раководителот на Секторот за образование Сурија Рашити тоа било предвидено со државниот буџет за 2016 год.  „Секако дека ова ќе има големи последици по средните училишта бидејќи средствата во висина од 62 000 евра не се малку, кои ќе остават големи последици за нормално функционирање на овие училишта...

Continue reading

Отпадот во Струга оди под земја

Post Views: 0   Стружани отпадот од неодамна го фрлаат под земја. Струга, доби подземен контејнер, како дел од реализација на проект од Центарот за Развој на Југозападниот плански регион. Ваков контејнер за прв пат се употребува во општина Струга а се наоѓа во централното градско јадро на самиот агол од плоштадот кај споменикот на револуцијата.  Директорката на ЈПР Мирјана Лозаноска нагласи дека  со поставувањето на ваквиот контејнер  ќе се придонесе за осовременување на системот за складирање и подигање на комуналниот отпад и за подобрување на јавната хигиена во градот. „Три контејнери...

Continue reading

„Таа може“ преку обука и идеја до сопствен бизнис

Post Views: 5   Жените од Југозападниот плански регион успешно ги поминаа обуките за развој на женското претприемништво. Тие на пет дневната обука ги презентираа нивните идеи кои во иднина ќе им овозможат да основаат свој бизнис. Како што пренесе директорката на центарот за развој на Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска, жените имаат голема потреба од ваков тип на обуки преку кои го зголемуваат нивното знаење, им ги отвора видиците за нивно учество во бизнисот, како и да ги поттикне да основат старт – ап компании. „Очекуваме после овие квалитетни обуки, дека навистина ќе...

Continue reading

Струшка дијализа има потреба од обновување и на објектот и на апаратурата

Post Views: 27   Потребна е итна санација на кровот на Заводот за нефрологија и дијализа, Струга. Причина за тоа е што истиот прокиснува при врнежи од дожд и снег. Како што обелодена директрот на оваа здравствена установа д-р Асим Муса, години наназад немало некоја посериозна инвестиција во инфраструктурни зафати, поточно уште од 1985 година од кога е изградена болницата. Повремено со помош на донации била заменета дограмата во некои од собите а со буџетски средства од установата се молерисувале просториите. „Кровот е рамен и поминати се околу триесет години од кога е направена. Од...

Continue reading

Дали лабуништани ќе добијат спортска сала?

Post Views: 15   Жителите на Лабуништа струшко сеуште чекаат изградба на спортски објект, сала. Само за потсетување во 2011 година беше удрен и камен темелник за спортска сала но од тогаш па до ден денес ништо од тоа, само ветувања. При неодамнешната посета на министерот за образование Абдулаќим Адеми во Лабуништа, тој пред мештаните повторно настапи со најава за изградба на спортска сала, а ги кажа и причините зошто досега не се отпочнало со градба. „За неколку дена ќе почне со градба и спортската сала која е во вредност околу 41 милион денари или околу 690 000 евра. За општина Струга...

Continue reading

Села бара поголема безбедносна состојба во Струга

Post Views: 2   Безбедносната состојба во Струга беше една од точките на дневен ред на последната седница на Советот на општината. Првиот човек на градот Зијадин Села рече дека стружани се чувствуваат несигурни и побара расветлување на неколкуте убиства кои се случија изминатите неколку месеци во Струга. Ова посебно доаѓа после последното убиство на 23- годишното момче кое се случи пред десетина дена во близина на селото Долна Белица. „Ние имаме и случаи кои не се решени, како што беше случајот со исчезнувањето на еден млад човек, за кој до ден денес не знаеме кој е убиецот и се уште...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top