Прифатен центар за кучиња скитници, приоритет на Југозападен плански регион

Конечно на маса ставен проблемот со кучињата скитници. Југозападниот плански регион изработи регионален прект кој од страна на градоначалниците на сите општини е позитивно оценет и даден му е приоритет за реализација до крај на оваа година.

 |  Николоска Биљана  | 

Општина Струга е подготвена да избере локација за изградба на регионален прифатен центар на бездомни кучиња. Но, според градоначалникот на Струга, Зијадин Села, прво треба да почне да работи полицијата и да го спречи нелегалното транспортирање на кучињата скитници од град на град, бидејќи досега како што истакна Села, нема официјален податок за регистрирање и санкционирање на таква појава. Откако тоа би се решило, локалните самоуправи од Југозападниот плански регион ќе можат да пристапат кон долгорочно надминување на овој горлив проблем.

„Јас како градоначалник на општина Струга сум спремен да почнам со процедура за да обезбедам локација, од друга страна трошоците кои треба за изградба на инфрасатруктура и за трошоците за грижа на кучињата треба сите општини да ги споделиме“ – изјави Села.

Центарот на Југозападниот плански регион веќе има изработено регионален проект за решавање на проблемот со кучињата скитници, вели Мирјана Лозаноска директорката на ЈПР. Таа кажа дека истиот е позитивно оценет од градоначалниците и на денешната седница на Советот за развој на ЈПР, му дадоа приоритет. За реализација на тој проект ќе се искористат средства од програмата за рамномерен регионален развој, додава Лозаноска.

„Центарот ќе изврши набавка на опрема што подразбира возила со кафези за заловување на кучињата, опрема од типот јамки, мрежи, пушки… организира обука за двајца сертифицирани заловувачи од секоја општина во рамки на регионот. Вториот дел, организирање прифатилишта, е во надлежност на општините и тие натака ја прифаќаат оваа обврска да си ја превземат“

Проблемот со кучињата скитници се повеќе ќе се наметнува како проблем за решавање на сите општини во ЈПР, вели градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Тој смета дека овој состанок доаѓа во вистинско време, бидејќи сите градоначалници се соочуваат со оваа појава и потребна е добра стратегија за справување со истата.

„За овој проблем, треба со заеднички сили и инволвирање на сите субјекти кои што имаат некаква одговорност или надлежност во згрижување на кучињата скитници, да се отпочне еден процес за негово долгорочно решавање. Од разговорите со градоначалниците дознав дека скоро ниедена од овие општини од ЈПР сама за себе не може долгорочнио да се справи со овој проблем… потребни се насоки и финансиски средства, но и стратегија за адекватно менаџирање со ваквите центри“ – вели Бакрачеаски.

Проблемот со кучињата скитници е евидентен, но истовремено наша законска обврска е да се грижиме за справување со ваквата појава, вели градоначалникот на Дебрца Игор Трајкоски.

„Ќе се обезбеди оваа опрема, но останува во иднина да го решиме начинот како ќе се згрижуваат кучињата… значи отворена е дискусијата и се надевам дека со заедничко разбирање ќе се реши проблемот, бидејќи сепак се работи за одредени финансиски средства кои што значат за секоја општина и треба да се издвојуваат“ – рече Трајкоски.

Инаку, на денешната средба во Струга, градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски е избран за нов претседател на Советот на Југозападниот плански регион. Тој ја доби поддршката од претставниците на сите општини и со ова тело ќе раководи наредните две години. Трајкоски нагласи дека ќе се залага за реализација на програмата за работа што ќе ја усвои советот и за унапредување на животот на сите граѓани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top