Автор: Јаковлева Лионела

raskrsnica

Раскрсницата кај новата автобуска станица опасна по живот

Post Views: 1 Раскрсницата кај новата автобуска станица опасна по живот. Граѓаните кои ја преминуваат велат дека е невозможна мисија да поминиш од едниот до другиот крај на коловозот. Нема семафори речиси и да нема пешачки премини, а возачите развиваат голема брзина бидејќи оваа сообраќајница е магистрален пат. Од Фондот за комунален развој знаат за овој проблем. –Моментално е обележана со хоризонтална и вертикална сигнализација према постоечките можности. За тој дел уште од порано беше разгледувана можноста за кружен тек но бидејќи бензинската пумпа од Мак петрол е на приватен...

Continue reading

avtobuska postojka

Градски превоз сеуште се чека под ведро небо

Post Views: 2 Охриѓани кои чекаат градски превоз најчесто се под ведро небо. На голем дел од автобуските постојки во градов нема ниту настрешници ниту пак клупа каде да се седне, се жалат тие. На оние пак каде има некаков покрив над глава најчесто е искршен па изложени се на дожд, а и на сонце, категорични се граѓаните. Неуредените постојки преставуваат проблем и за автопревозниците. -Не се покриени постојките не се правилно обележани така да може да се случи доколку некој од возачите незнае дека на тоа место има постојка да ја промаши, вели Димитар Василевски-директорот на АД „Галеб“....

Continue reading

езеро

Водата во езерото погодна за капење

Post Views: 2 Охриѓани и гостите доколку имаат желба слободно можат да се капат во езерските води. Од Центарот за јавно здравје велат дека водата е со одличен квалитет. Мострите кои биле земени од 40 точки на брегот на езерото покажале дека најголемиот дел од водата е од прва категорија, а помал од втора. Ова е очекувано во овој дел од годината. Водата е со најдобар квалитет на потегот од Св. Наум до Парк. Мала деградација има на Сараиште и на пристаниште, но тоа е поради поголемиот воден сообраќај, вели бромологот Сашо Точков. Сеуште проблем преставуваат трите реки во охридско, Коселска,...

Continue reading

eksterno

Каде во средно

Post Views: 5 Заврши учебната година. Со тоа завршуваат и маките на учениците, но оние кои треба да го продолжат образованието во средните училишта ги чека уште еден напор. Пред да го направат изборот треба добро да размислат што ќе е најдобро за нив и каква ќе биде нивната професионална иднина. Во нашиот град има три среднообразовни центри. Секој од нив со свои специфичности и понуда. Во гимназијата Св. „Климент Охридски“ вообичаено се запишуваат околу 400 ученици. И годинава остануваат истите паралелки, осум гимназиско образование, четири економска струка и една медицинска паралелка....

Continue reading

ученици

Нови правилници за организирање на ученички екскурзии

Post Views: 5 Ученичките екскурзии ќе се организираат по нови правилници. Ова доаѓа по големиот број поплаки кои пристигале до Министерството за образование и наука за изборот на фирми кои ги организираат училишните екскурзиите. Жалбите најчесто биле од училишните комисии , а со изработката на правилниците за начинот на водење на екскурзиите министерот очекува да се елиминираат сите шпекулации околу евентуален нетранспарентен процес при избор на фирма. Новина е што отсега постапката за прибирање на понуди училиштето ќе треба да ги објави на видно место на училишната зграда и во најмалку...

Continue reading

logo

Хуманоста на дело

Post Views: 7 По осми пат Охридскиот Црвен крст организира крводарителската акција по повод Светскиот ден на крводарителството. Акцијата ќе се спроведе утре од 09:00 до 16:00 часот во соработка со спортската обложувалница „Спорт лајф“ и охридското одделение на Институтот за трансфузиологија. –Во рамките на оваа активност ќе се одвива и хуманитарната акција „Заедно за еден дестки живот“ што ја споревдува охридската медиумска заедница, а во која Црвениот крст се приклучи активно од самиот почеток. И утре на пунктовите пред обложувалницата „Спорт лајф“ ќе бидат поставени наши волонтери...

Continue reading

rabotilnica

Ден на екологијата

Post Views: 2 Основното училиште Св. „Климент Охридски“ со свечена програма и изложба со експонати изработени од хартија го одбележа светскиот ден на екологијата. Децата со повеќе активности се погрижија да покажат колку е важна животната средина и колку знаат за екологијата.Педагогот Славица Илиќ вели дека одбележувањето на 5ти јуни е традиција во нивното училиште, но оваа година имаат причина повеќе. Училиштето е вклучено во многу еколошки проекти меѓу кои и имплементација на еколошката едукација во воспитно образовниот систем. Ова училиште е вклучено и во проектот „Зелени училишта“...

Continue reading

avtobus

Доцни долго најавуваниот линиски превоз

Post Views: 0 Доцни долго најавуваниот линиски превоз. Градскиот  превоз кој требаше да профункционира уште минатата недела сеуште не се одвива.  Граѓаните, особено постарата популација која живее подалеку од централното градско подрачје реагира прашувајќи во што е проблемот. Од АД „Галеб“, фирмата која го доби тендерот за спроведување на линискиот превоз, објаснуваат кои се причините за тоа. –Во техничкиот дел доцнат работите. Линијата ќе почне да се вози многу скоро само треба некои технички детали да се дозавршат како поставување  информативни табли за доаѓање и поаѓање и...

Continue reading

knigi za zavisnosti

Има ли лек за зависностите

Post Views: 8 Дрога, алкохол, коцкање, зависност од секс, опседнатост со партнерот во врската, купување, пореметување во исхраната, зависност од одредена супстанца и многу други пороци секојдневно ги демнат луѓето. Модерниот начин на живеење предизвикува најразлични видови зависности со кои секојдневно се соочуваме. Деновиве во Охрид престојува  Д-р Даун Обрехт, професор на Универзитетот во Колорадо Здравствено научен центар, САД и експерт на полето на зависности. Д-р Обрехт веќе триесет години се занимава со оваа проблематика и ќе ги сподели своите искуства како сите оние кои имаат...

Continue reading

eksterno

Започна екстерното тестирање

Post Views: 4 Основците и средношколците од охридските училишта денеска го полагаа првиот екстерен предмет. Учениците за денешниот екстерен тест, како и за вториот имаа на увид 60 илјади прашања. Бројот на прашања кои се на тестот зависи од тоа колку предметот е застапен неделно во наставата. Има некои прашања кои не сме ги учеле на часови значи има други лекции, а тие ни поставуваат други прашања, велат некои од учениците кои ги анкетиравме. Други додаваат дека прашањата не биле исти како оние кои беа објавени на сајтот на Министерството за образование. Во електромашинскиот образовен...

Continue reading

baner

„Заедно за еден детски живот“

Post Views: 0 Утре, од 12:00 до 17:00ч, да бидеме на градскиот плоштад и сите заедно да ја покажеме нашата хуманост. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на  11 годишно момче од Охрид на кого му е потребна итна операција во Пекинг, а која чини 35 000  евра. Својата хуманост можете да ја покажете и со донирање на 100 ден.+ддв, на следниве телефонски броеви:ONE 075/143-113VIP 077/143-115 Финансиски средства можете да уплатите и на следнава ж.с-ка:530-5000176152-54депонент: Охридска банка Во понеделник, со почеток во 20ч. во Центарот за култура „Григор Прличев“ со купената...

Continue reading

krovna konstrukcija

Се покриваат сцените на Антички театар и на Долни Сарај

Post Views: 41 Се покриваат сцените на Антички театар и на Долни Сарај. Деновиве интензивно се работи на поставување на метална конструкција на овие два локалитети кои се најкористените и најпосетените отворени сцени на Фестивалот Охридско лето. Овие два проекти се изработени уште во 2013 год, вели директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташески, а средства од Министерството за култура за започнување со нивна реализација биле издвоени оваа година. –И на двете сцени самите покривни конструкции ќе бидат изведени од челични решетки а ќе бидат покриени со плексиглас како...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top