Автор: Јаковлева Лионела

bazen

Ќе се отвара пливачкиот базен на СРЦ „Билјанини извори“

Post Views: 1   Се прават подготовките за отварањето на пливачкиот базен на СРЦ „Билјанини извори“. Се уредува просторот, се коси тревата околу базенот, а деновиве ќе се чисти и самиот базен. Пливачките школи и ова лето ќе обучуваат деца како правилно да пливаат и да ги усовршат сите техники од овој спорт. Школата „Делфина 2012“ од утре започнува со уписи на сите заинтересирани. Можат во школата да се запишат деца од четири години па понатаму. Интерес постои, кажува професорката Соња Думбалова Делова. Таа вели дека минатите две лета обучиле повеќе од двеста деца, а меѓу нив имало...

Continue reading

ekologija

Еколозите во државава се погласни

Post Views: 2 Еколозите во државава се погласни . Целта им е да се слушне и нивниот глас при донесувањето на некои одлуки со кои, според нив,  се загрозува животната средина. Илина Арсова од еколошкото друштво „Лагадин“ вели дека борбата е тешка но мора да се истрае бидејќи спроведувањето на некои одлуки можат многу скапо да не чинат. Таа тука акцент стави на проектот за изградба на патниот правец Охрид- Св. Наум кој треба да поминува низ националниот парк Галичица со што ќе биде исечена голема површина на шума во паркот а со тоа ќе се наруши еден единствен еко систем. Бев многу разочарана...

Continue reading

skolo

Зголемен бројот на првачиња

Post Views: 2 Зголемен бројот на првачиња кои се запишаа во некои основни училишта во градов. Споредбено со минатата година бројот е пораснат за 20%, велат директорите на овие училиштата. Во основното училиште „Христо Узунов“ од први до 31 мај се запишале 137 ученици. Квотата за упис според реонот во кој припаѓаме е пополнета. Дури имаме интерес и на деца кои се од други реони, а сакаат да се запишат кај нас. Оваа година имаме тренд на растење во бројот на првооделенци, вели Тони Симоноски, директорот на ОУ „Христо Узунов“. Првачињата во ОУ „Христо Узунов“ ќе бидат распределени во...

Continue reading

ОЕМУЦ

Се прават последните подготовки за екстерното тестирање

Post Views: 5 Средношколците од прва, втора и трета година подготвени за екстерно тестирање. Од утре во сите средни училишта во градов започнува спроведувањето на ова тестирање со кое треба да се провери знаењето на учениците, но и квалитетот на наставниците. Во Охрид ќе бидат тестирани над илјада средношколци. Во средните училишта во градов се прават последните подготовки за екстерното тестирање. Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ тестирањето ќе се спроведува на 499 ученици. Од саботата веќе се објавија списоците  со дел од предметите по кои ќе се тестираат учениците. Кај нас се е подготвено...

Continue reading

leb

Лебот од нашите баби, храна и лек

Post Views: 2 Лебот направен по рецептот на нашите баби, производ кој го чува нашето здравје. Овај леб се правиод пченица и `рж се замесува без квасец туку со кисело тесто со додавање на јогурт во самата смеса. Со ваков леб диетите кои ги препорачуваат нутриционистите само со овошје и зеленчук се непотребни, тврди проф. Д-р Валентина Павлова, декан на технолошко-техничкиот факултет во Велес. Таа долги години вршела анализа и истражување на лебот и тестото од кое се прави и дошла до фрапантни податоци. Белиот леб нема никакви нутриционистички вредности, а лебот направен на традиционален...

Continue reading

koncert

Охрид ќе биде дел од Фестивалот на европските езера

Post Views: 6 Охрид ќе биде дел од Фестивалот на европските езера. Делегација на општината предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, ќе учествува на Шестото издание на фестивалот што од 29 мај до 2 јуни ќе се одржи во Исео, Италија како и на вториот глобален состанок на официјалните делегации од членките на Европската мрежа на езера што на 30 мај ќе се одржи во овој италијански град. Фестивалот на европските езера годинава ќе трае четири дена и во него ќе бидат промовирани 50 различни настани. Во рамки на фестивалот ќе има музички концерти, изложби на фотографии, како и дегустација...

Continue reading

opstina

Доцни доградбата на општинската зграда

Post Views: 5 Доградбата на општинската зграда наместо на почетокот на летото како што беше најавено ќе биде дозавршена наесен. Темелите на новата зграда беа поставени пред две години, а градежните работи беа стопирани пред локалните избори во 2013. Во месец јануари повторно беа интензивирани градежните зафати за нејзино довршување. По распишаниот јавен повик одобрени беа четири компании кои работат на изградбата на инсталациите, на фасадата и ентериерот. Тоа се Метал електрик од Скопје, Кармен која е задолжена за молерајот на зградата, Бокоп ја поставува изолацијата и Али компани...

Continue reading

Во образованието ќе се воведува предмет предприемништво

Post Views: 1 Во образованието ќе се воведува предмет предприемништво. Оваа идеја на коалицијата на младински организации “СЕГА”е во зародиш и допрва треба да се разработи. Од средното стручно училиште Св. Кирил и Методиј ја поздравуваат ваквата иницијатива кажувајќи дека предприемништвото е многу важно особено кај стручните струки. Тоа  има за задача да го развие  предприемачкиот дух кај учениците кои по образованието треба да се вклучат во  практичниот процес на работа. Директорката на училиштето, Славица КОстоска вели дека воведувањето на ваков предмет во стручните училишта е уште...

Continue reading

книга

Охридската библиотека доби пет примероци од книгата „Можеш и ти“

Post Views: 2   Донирани пет примероци од книгата „Можеш и ти“ од авторот Венко Андоновски на охридската библиотека „Григор Прличев“. Се работи за биографска книга за проф. д-р Ванчо Чифлиганец, познат стопанственик и успешен бизнисмен, своевиден прирачник за деловниот успех за сите оние кои се на почетокот на својот професионален пат. Читајќи ја оваа биографија уште еднаш се потврдува дека со посветена работа, искрена желба и верба во себеси, успехот е неизбежен. Ова биографско четиво е многу моќно и сугестивно особено за оние кои се на почеток на градењето на својата кариера. Книгата...

Continue reading

Дали сонот ќе стане реалност

Post Views: 1   Никола Грунчески има 18 години и е матурант во колеџот Јахја Кемал. Ово ј млад човек  моментално се наоѓа на животниот крстопат кога треба да одлучи по кој пат да тргне. Секој правец е послан со задачи, бројки и геометриски фигури и тела, но некој води до престижните европски универзитети, а некој во соседните земји. Никола од кога знае за себе се дружи со математиката. Добиеното прво место на регионалениот натпревар кога бил четврто одделение бил пресуден за тој да ја засака математиката и да и се посвети максимално. Се ределе успеси и награди на државно ниво, но...

Continue reading

Од пролеттва повторно ќе има кино проекции

Post Views: 3 Од пролеттва повторно ќе има кино проекции во Центарот за култура „Григор Прличев“. После пауза од повеќе од една година, љубителите на седмата уметност повторно ќе можат да уживаат гледајќи филмови на големото платно. Проблемот што толку долго време Охрид остана без кино проекции е од техничка природа. Новиот директор, Горан Симоновски вели дека проблемот со дефектот на прожекторот и некои други пропратни елементи набрзо ќе биде надминат. Сме во преговори со Агенцијата за филм од Скопје пошто прожекторот е во нивно владение и во договорот стои дека тие треба да го одржуваат...

Continue reading

ekskurzija

Ќе се оди на матурско патување во Италија

Post Views: 1 Ќе се реализира матурската екскурзија со учениците од гимназијата „Св. Климент Охридски“. Сите 188 матуранти кои се пријавиле за патувањето во Италија заминуваат на 16- ти мај. Директорот Ѕвонко Трпески изјави дека само 12 матуранти остануваат во градов, но објаснува дека тоа не е поради финансиски причини туку дека тие уште на почетокот кога се организираше оваа екскурзија се изјасниле дека не сакаат да патуваат. Во деновите кога се реализира екскурзијата овие ученици ќе посетуваат редовна настава. Екскурзијата ќе трае шест дена, а матурантите ќе ги посетат градовите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top