Автор: Јаковлева Лионела

Охриѓани можат да си купат публикации од капитални едиции по пристапни цени и на рати

Post Views: 4   Охриѓани можат да си купат публикации од капитални едиции по пристапни цени и на рати. Пет национални библиотеки во РМ, од Владата добиле обврска и можност да вршат продажба на книги од светската книжевност, врвни дела од светската филозофија, историја и психологија и едицијата на македонски искушенија, 130 тома македонска книжевност на англиски јазик. Постои голем интерес за купување на книгите. Веднаш од кога објавивме за продажбата многу од нив беа купени.  Книгите можат да се купуваат поединечно, но и во комплет. Ако се купуваат во комплет тогаш може и на десет...

Continue reading

Евгениј Поп-Ацев е победник на 29тиот Охридски пливачки маратон

Post Views: 0 Евгениј Поп-Ацев е победник на 29тиот Охридски пливачки маратон. Патеката Климе Савин, од Свети Наум до градското пристаниште, во должина од 30 километри Поп Ацев ја исплива во време од пет часа, 39 минути и 42 секунди. Тој стана првиот македонски пливач кој триумфирал во Охрид во последниве 29 години од возобновувањето na охридскиот маратон. На целта беше пречекан со силни емоции од охриѓани, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и од покровителот на трката, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов кој нашиот маратонец го овенча со победничкиот ловоров...

Continue reading

Охридскиот патлиџан и охридската цреша да се стават под заштита

Post Views: 10   Охрид ги има сите предиспозиции за да произведува здрава органска храна. Неговата специфична место положба, климатските услови, релативно чистата животна средина се првите предуслови за одгледување здрави производи. Ваквиот вид на храна е многу богата со минерали, се зголемува нејзината нутритивна вредност и е безбедна и висококвалитетна. Многу е важно да се зачуваат и автохтоните сорти на овошје и зеленчук. Охридскиот патлиџан, охридската цреша, пиперката на ниту едно друго место не успеваат и не се со таков квалитет како овде. Охридскиот регион е погоден за овие...

Continue reading

Се е подготвено за 29тото издание на Охридскиот пливачки маратон

Post Views: 5   Се е подготвено за 29тото издание на Охридскиот пливачки маратон. Оваа година во неговата организација учествуваа Општина Охрид, Пливачката федерација на Македонија и Светската пливачка федерација. Општината Охрид втора година по ред е вклучена во оваа најголема спортска манифестација во нашата Република. Голема е одговорноста да се биде дел од Маратон кој е препознатлив симбол за Охрид, а пред се да се организира техничкиот дел. Во соработката со ПФМ имаме високи оценки за минатогодишниот маратон што ни преставува мотив повеќе за овој и следните маратони во иднина....

Continue reading

Јапонци се шетаат низ охридските сокаци

Post Views: 0 Охрид привлечна дестинација за гостите од истокот. Туристи од Јапонија, Кина, Тајван, Тајланд ова лето се шетаат низ охридските сокаци. Туристичките водичи задоволни од посетеноста на градов и од разноликоста на гости кои доаѓаат. Велат дека од април имаат тури со туристи од овие далечни земји кои го откриле Охрид како привлечна дестинација. Самите културни вредности кои ги имаме на град кој е под заштита на УНЕСКО, околината на Охрид, самото Охридско Езеро и ретките природни убавини кои сеуште се недопрени од човечка рака се она што ги привлекува гостите од источните...

Continue reading

Секое дете заслужува љубов и топол дом

Post Views: 2 Секое дете заслужува љубов и топол дом. Оние кои немале среќа да растат и живеат со своите родители се несреќни и тажни и најчесто го одбираат погрешниот пат во животот. За среќа во Охрид има две згрижувачки семејства кои се одлучиле ширум да ги отворат вратите за децата кои имале лоша судбина. Домот на Татијана и Климе Достиноски од Велгошти сега е дом и на трите братчиња кои поради нарушени односи во семејството останале на улица. Тие пред речиси една година биле донесени во ова згрижувачко семејство во многу лоша состојба. Гладни, голи и боси, валкани и преплашени...

Continue reading

Математика по кембриџ ќе се учи и во 4, 5, и 6то одделение

Post Views: 0 Наставниците по математика од Охрид и Дебрца се обучуваат како да предаваат по кембриџ. Од новата учебна година оваа програма се воведува и во 4, 5 и 6то одделение. Ова е новина и за наставниците и за учениците затоа што ќе има многу промени во самиот начин на предавање и совладување на материјалот. Учениците ќе треба преку опити да решаваат задачи а не како што беше досега со користење алгоритми. Обуките кои ги спроведува Бирото за развој на образованието траат два дена. Се надевав дека оваа обука ќе биде во јуни  за сега во август да ги допрецизираме  работите бидејќи ...

Continue reading

Монографија за ОМУ „Методи Патче“

Post Views: 3 Педесетгодишното постоење на основното музичко училиште „Методи Патче“, ставено во монографија. Денес оваа книга беше промовирана пред охридската јавност од страна на некогашната професорка по флејта, Радмила Попоска. Присутни беа некогашните директори на училиштето, професори во пензија, актуелни професори како и ученици кои постигнале видни успеси и резултата. Промоцијата беше исполнета со многу емоции и спомени од времето кога училиштето се основало па до денес. Монографијата била подготвувана повеќе од една година и во неа се сконцентрирани фотографии, разговори...

Continue reading

училиште

Во општинава владее тренд на формирање паралелки со помалку од 24 ученици

Post Views: 0 И оваа учебна година во општина Охрид се формираа паралелки со помалку од 24 ученици. Оваа одлука беше донесена на седница на совет од страна на градските избраници, а оправданоста на истата се наоѓа во фактот што доколку не се превземе ваков чекор многу работни места на одделенски и предметни наставници треба да згаснат, а и неколку училишта посебно во руралните средини ќе треба да се затворат. Одлуката е за поздравување, но од друга страна организирањето на ваквите паралелки непотребно го троши и така тенкиот буџет на општината. Ние во периодот на летни одмори ќе направиме...

Continue reading

Се губи автентичниот дух на охридската чаршија

Post Views: 0 Охридската чаршија полека, ама сигурно изумира. Старите еснафи кои сега можат да се избројат на прсти велат дека одамна го нема оној дух на некогашната надалеку препознатлива стара чаршија. Климент Талев чија фамилија со децении се знимава со правење оригинален охридски бисер со носталгија раскажугва дека охридската чаршија покрај што била единствена по својот лик, таа се издвојувала од другите чаршии и по квалитетот на понудената стока. Денешната чаршија е еден обичен кичерај. Секој може се да продава и да тврди дека производите се квалитетни и оригинални. Насекаде...

Continue reading

uciliste

Основните училишта во градов се подготвуваат за новата учебна година

Post Views: 2 Основните училишта во градов забрзано се подготвуваат за новата учебна година. Распустот беше искористен за да се реновираат, исфарбаат, за да се уредат училниците, а се работеше и на дворните површини. Во уредувањето на ОУ „Христо Узунов“ биле вклучени и вработените. Директорот Тони Симоноски вели дека сите заедно работеле за училиштето на 1ви септември да светне во полн сјај. Во тек на ова тромесечие го саниравме она што беше запоставено  и руинирано. Доста од просториите се исфарбани, уредена е спортската сала и поголем број кабинети и набавени се нови надгледни средсва,...

Continue reading

Кој замижува пред проблемот со кучињата скитници во градов

Post Views: 3 Кој замижува пред проблемот со кучињата скитници во градов. Граѓаните револтирано велат дека овај сериозен проблем години наназад се става под тепих од страна на надлежните. Воопшто не е пријатна сликата на кучиња скитници кои се шетаат во центарот на градот. Тие се потенцијална опасност за минувачите од кои голем дел се туристи, велат граѓаните. Од Здружението за заштита на животни „Анималиа“ кажуваат дека тие веќе две години интензивно работата на ублажување на проблемот со кучињата скитници во градв.  Во текот на минатата седмица за прв пат во Охрид започнаа да ја...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top