Автор: Јаковлева Лионела

Локалната ги определи локациите каде политичките партии ќе можат бесплатно да се рекламираат

Post Views: 1 Локалната ги определи локациите каде политичките партии ќе можат бесплатно да се рекламираат. Тоа е просторот од оградата на ОУ „Григор Прличев“ каде ќе се постави тараба на која ќе може да се лепи пропагандниот материјал. Но неколку изборни циклуси по ред веќе многу ретко можат да се забележат билборди и плакати од кандидатите за изборите, а сѐ помалку ги има и традиционалните лепачи на плакати. Партиите го сменија начинот на кој им ги претставуваат своите политики и програми на гласачите. Покажува времето во кое живееме дека се помалку се користи рекламирањето на...

Continue reading

Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип

Post Views: 2 Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип.  Засега се пријавени само 15 и тие се само клинички дијагностицирани, а лабораториски не се потврдени и не е изолиран типот на вирусот на грип. И во Струга и Дебар многу е мала бројката на заболени од грип. Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека навремено се превземаат сите мерки за да не дојде до епидемија од ова заболување.  Годинава охридскиот Центар за јавно здравје набави 3000 вакцини против сезонски грип. Од оваа количина 1680 биле наменти за охриѓани, 720 за Струга и 600 за Дебар. Вакцините веќе...

Continue reading

Снегот оваа зима нема да не изненади, велат од Локaлната

Post Views: 2 Локалната самоуправа е подготвена за одржување на улиците кои се во нејзина надлежност во зимски услови. Секторот за комунални дејности, улици и патишта изработи предлог оперативна програма за нормално и непречено функционирање на сообраќајот во зимски услови. Оваа програма е изработена во соработка со Македонија пат и СВР Охрид. Целта на оваа оперативна програма е сите субјекти заедно да делуваат за да не дојде до никаков застој на сообраќајот при поголеми врнежи од снег и голомразица. Во моментов временските услови се поволни и граѓаните не се оптоваруваат со одвивањето...

Continue reading

Александар Кирацовски проверуваше дали се вршат политички закани и притисоци врз јавната администрација во Охрид

Post Views: 9   Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, денеска во посета на Општина Охрид. Причина за посетата како што рече е секојдневното пријавување од страна на граѓаните политички закани и притисоци. Заканите се однесуваат на намалување на плата, закани за прераспределба од едно на друго работно место, дисциплински мерки како и спроведување на казненото отценување.  Тој остварил средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Денес на градоначалникот Бакрачески му предочив една ситуација во која оваа општина по налог на...

Continue reading

Учениците од спортската академија во Охрид два месеци не држат настава по три предмети

Post Views: 3 Учениците од спортските парлелки за фудбал и ракомет од почетокот на учебната година не одржуваат часови по три предмети. Тие губат настава по биологија, психологија и математика, се жалат родителите. Прашуват како децата ќе бидат отценети по овие предмети кога часовите не се одржани. ТВМ дознава дека за ваквата состојба во Спортската академија во Охрид известен бил и Државниот просветен инспекторат и Бирото за развој на образованието, како и Локалната самоуправа.Морам да истакнам дека ние како Локална самоуправа немаме никакви ингеренции во однос на работењето на Спортската...

Continue reading

Црните страници на УДБА утре ќе биде промовирана пред охриѓани

Post Views: 7 Денес беше најавена промоцијата на капиталната едиција на документи насловена како „Црните страници на УДБА“ издадена од Државниот архив на РМ. Оваа капитална едиција на документи која е создадена под водство на директорот на државниот архив Д-р Филип Петровски и неговиот тим има огромно значење  не само во македонската историографија и документаристика туку и во целокупното општествено живеење. Низ црните страници на УДБА се отсликани животи на наши предци, на луѓе кои ги познаваме и кои ја доживеале сличната судбина со нашите блиски. Црните страници на УДБА слободно...

Continue reading

При пообилни врнежи од дожд сеуште некои улици во градов се поплавуваат

Post Views: 0 Граѓаните од одредени улици во градов се жалат дека при пообилни врнежи од дожд редовно се поплавуваат. Улиците пливаат во вода, а не ретко таа навлегува и во нивните подруми. Такви критични точки има на улицата „Никола Карев“ на „Сирма војвода“, кај Тинекс маркет, во населба Даљан и на улицата „Цар Самоил“. Од ЈП „Нискоградба“ велат дека го имаат лоцирано проблемот и дека работат на негово решавање. Уште со завршување на летната сезона започнале со чистење на шахтите и сливниците во градов.  Одржувањето на мрежата и цевководите е обврска на ЈП „Нискоградба“, но другиот...

Continue reading

Се поставуваат цефководи и сливници на улицата „Цар Самоил“

Post Views: 8   Улицата „Цар Самоил“ затворена за сообраќај. Веќе неколку дена на неа се вршат интензивни работи од страна на ЈП „Нискоградба“. Се поставуваат цефководи и сливници за опфаќање и одведување на атмосферските води како и собирна решетка и цевки со дијаметар 300 мм преку кои дождовницата ќе се пренесува до Охридското езеро. Изградбата на атмосферска канализација на улица Самоилова е долгогодишен проблем на жителите на оваа улица, а општина Охрид го реализира преку програмата за изведба на нови атмосферски канализации на територијата на Општина Охрид во рамките на секторот...

Continue reading

Започнаа градежните работи за изградба на современата автобуска станица

Post Views: 0 Започнаа градежни работи на местото каде треба да се изгради како што беше најавено најсовремената автобуска станица во Македонија. Автобуската требаше да почне да се гради уште пролетта но инвеститорот немаше добиено одобрение за градба. Грдаоначалникот Никола Бакрачески обелодени дека одобрението е веќе издадено и дека може да се работи на терен. Деновиве е издадено правосилно одобрение за градба на автобуски терминал со компатибилни класи на намени. Со издавањето на овој документ се исполнуваат сите потребни услови за отпочнување со изградба. Согласно одредбите од...

Continue reading

Сандански и Банско најпосетени од охриѓани оваа есен

Post Views: 1 Се повеќе станува навика кај охриѓани своите годишни одмори да ги користат во есенскиот период. Од туристичките агенции велат дека покрај тоа што тие бараат дестинации каде можат да се сончаат и капат, сакаат да посетат и такви места каде едноставно ќе уживаат во природните убавини и ќе се одмараат после напорното лето. Во овој период од годината најпосетувани дестинации се Сандански и Банско, вели Јаким Маленко, од туристичката агенција ВисПој. За овие две дестинации има промотивни пакети по многу поволни цени за полупансион или за цел пансион и затоа граѓаните најмногу...

Continue reading

Објавени листите за предвремените парламентарни избори

Post Views: 3 На полноќ заврши рокот за доставување на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори закажани за 11-ти декември. Политичките партии и коалиции ги објавија носителите и листите за шесте изборни единици. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги објави пратеничките листи доцна ноќта во петокот и ги предаде во ДИК, со што сите учесници на изборите ја исполнија обврската во предвидениот рок. Претседателите на владејачката и на опозицската албанска партија, односно Али Ахмети на ДУИ и Мендух Тачи на ДПА ќе се соочат во шестата изборна единица, додека пак на најголемата влдејачка...

Continue reading

Охридските ракометари пред нов предизвик

Post Views: 4 Охридските ракометари интензивно се подготвуваат за натпреварот со екипата на Радовиш кој треба да се одигра во недела. Тие атакуваат на победа за која како што велат ќе треба максимално да се потрудат бидејќи ќе играат со една искусна и силна екипа. Во оваа наша лига сите екипи се рамноправни и сите се борат за плеј оф така и екипата на Радовиш која има доста искусни играчи па не смееме да дозволиме никаков кикс бидејќи тие знаат тоа да го искористат. Ние максимално треба да играме од првата минута за да победиме, вели ракометарот Бобан Блажески. Атмосферата во клубот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top