Автор: Јаковлева Лионела

„Зегин“ и оваа година ја подржа манифестацијата Богојавление- Водици

Post Views: 4 „Зегин“, најголемиот фармацевтски бренд во Македонја и оваа година ја подржа најмасовната црковно-народна манифестација Богојавление- Водици. Таа како општествено одговорна компанија веќе 29 години ширум Македонија се јавува како донатор. Годинава „Зегин“ донираше околу 5000 маици, 30 телевизори 35 таблети и 10 лап топ компјутери низ цела Македонија. Ние како компанија секогаш донираме за потребите на општеството па годинава организираввме и хуманитарен караван на кој беа доделени преки 100 пакетчиња за дечињата со посебни потреби, рече Марина Бебекоска, регионален директор...

Continue reading

Иван Лотески најсреќен во Охрид

Post Views: 1 Иван Лотески најсреќен од стотината капачи кои денес запливаа во ладната езерска вода со желба да го фатат Светиот крст. Овај 27годишен варошанец за Водици се капи од својата 12-та година, а ова е прв пат да го фати крстот. Чуството е одлично прекрасно, се чуствувам многу убаво, скокам веќе 14 години и го чекав овај момент многу долго. Секоја година бев среќен ама оваа сум најсреќен. Ова е еден од најубавите празници за охриѓани и да го славиме уште помасовно, да има мир и љубов кај сите, многу здравје и нека е за многу години, им порача Лотески на сите христијани. Денес...

Continue reading

12 милиони денари за развој и промоција на туристичката дејност во 2018 год

Post Views: 8 12 милиони денари за развој и промоција на туристичката дејност во 2018 год. Овие средства ги издвои Општинa Охрид во рамките на Програмата за развој и поттикнување на туризмот. Оваа сума е речиси иста како онаа која се издвојуваше од буџетот на општината и минатите години. Ѓоко Апостолов од Секторот ТЛЕР вели дека секогаш може и повеќе, но дека и со овие пари можат да се реализираат проектите во делот на развојот и поттикнувањето на туризмот за оваа година. Средствата во делот што го финансира Општина Охрид односно средствата кои се предвидени од буџетот на општината...

Continue reading

Кучињата скитници потенцијална опасност за граѓаните, но опасност демнее и од домашните кучиња

Post Views: 7 Кучињата скитници потенцијална опасност за граѓаните, но опасност демнее и од домашните кучиња чувани во несоодветни услови. Ефто Стојаноски, долгогодишен дресер на кучиња вели дека многу сопственици ги чуваат кучињата во двор кој не е ограден, без да бидат врзани со синџир, а се почеста е глетката на кучиња кои се шетаат без заштитна маска. Јас предлагам такво куче врзано со синџир во двор без ограда веќе да нема. Мора соспствениците да си обезбедат безбедна ограда, а ако станува збор за поагресивно куче тоа не смее да биде воопшто во двор туку мора да се чува во бокс...

Continue reading

Охриѓани и по осум месеци немаат добиено обештетување за штетите од земјотресите, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 1 Охриѓани и по осум месеци немаат добиено обештетување за штетите од земјотресите, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Додаваат дека околу 870 семејства чекаат финансиска помош од државата за да ги санираат штетите во домовите. 15 од нив немаат ни каде да живеат поради тоа што земјотресот од 3 јули им направил оштетувања од дури петти степен, истакнаа на денешната прес конференција. Владата и Локалната самоуправа предводени од СДС треба да се изјаснат зошто с`е уште нема одговор и покрај тоа што претходната Општинска комисија за проценка на штети, изготвила елаборатот и истиот...

Continue reading

Се санираат потпорните ѕидови во стариот дел од градот

Post Views: 2 Се санираат потпорните ѕидови во стариот дел од градот. Поголемиот дел од нив поради временските услови и нивната дотрајаност попуштаат. На некои места направени се вистински свлечилишта. Најалармантна е состојбата на патниот правец кон Горна порта, на пресекот на улиците “Нада Филева“ и „Кирил и Методиј“, каде има и интензивен сообраќај и поголема оптовареност на теренот. Од Локланата велат дека интензивно се работи на терен да се санира овој потпоре ѕид. Она што можам сега дефинитивно да го кажам е дека на јавен повик е избрана фирма која ќе ги врши градежните зафати....

Continue reading

Доделени стипендиите кои општината им ги дава на основците и средношколците

Post Views: 0 Доделени се стипендиите кои општината им ги дава на основците и средношколците. За основците се доделени 40 стипендии и 40 за средношколците во висина од 1500ден. По 15 стипендии и за основците и за средношколците се за талентирани ученици и по 25 се за ученици од социјално ранливи категории. Овие стипендии се во износ од 1500ден. И денес заврши целата формалност околу доделувањето и тие ќе им бидат распределени на учениците, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локаланата самоуправа. Денес е објавен конкурсот и за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид...

Continue reading

Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип

Post Views: 6 Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип. Од 40тата недела во 2017 заклучно со 52та недела пријавени се само 38 заболени. 32ца од нив се на возраст од 15 до 64 год. Тие се само клинички дијагностицирани, а лабораториски не се потврдени и не е изолиран типот на вирусот на грип. Според овие податоци во овој период од годината за разлика од лани за 97,4% има помалку заболени. И во Струга и Дебар многу е мала бројката на заболени од грип. Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека навремено се превземаат сите мерки за да не дојде до епидемија од ова...

Continue reading

Хотелските капацитети исполнети за новогодишните и божиќните празници

Post Views: 1 Хотелиерите задоволни како изминаа новогодишните и божиќните празници. Нивните капацитети биле исполнети и до 90%. Гости имало најчесто од соседните држави, а најбројни и овојпат биле оние од Србија. Минатава нова година, почнувајќи од 24ти декември кога почнаа да доаѓаат гости за католички божиќ во Охрид навистина можеше да се забележи една поголема раздвиженост, посебно за новогодишните празници па и за православниов божиќ па хотелите беа многу добро исполнети, но не можеме да кажеме дека се работи за некаква зимска туристичка сезона, вели Крсте Блажески-претседателот...

Continue reading

Охриѓани забрзано се подготвуваат за големиот христијански празник-Рождество христово-Божиќ

Post Views: 2 Пред Божиќ, зад Божиќ кај да си дома да си. Оваа стара поговорка се кажува и денес и не само тоа таа и се применува. Сите православни христијани за најголемиот празник Божиќ, кога се слави раѓањето Христово се во своите домови со најблиските, правејќи ги сите оние обичаи и симболи поврзани со овој ден. Празнувaњето на Божиќ започнува да се слави со Бадник, денот пред Божиќ охриѓани забрзано се подготвуваат за достојно да ги дочекаат овие убави денови. На градскиот пазар денес беше прилично раздвижено. Се купуваше овошје, зеленчук, костени, ореви и се она што е посно...

Continue reading

Најдобрите приказни во 2017 година наградени од порталот OhridNews

Post Views: 1 Синоќа беше одржана годишната ревија на настани и доделувањето на признанијата на најдобрите приказни во 2017 година во организација на OhridNews. Голем број гости, меѓу кои и бројни јавни личности, градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски, претседателката на Советот Живка Ангелоска, деловни партнери и пријатели, присуствуваа на промоцијата на коктелот што се одржа во „Куба Либре“. Медиумите се одраз на состојбите во општеството. Какво општество, такви медиуми. Новинарското перо одамна е истапено, квалитетот на информациите кои се пласираат во морето вести крајно...

Continue reading

Стружани веќе нема да имаат проблем околу водоснабдувањето

Post Views: 1 Во текот на оваа година ќе се реши еден горлив проблем на стружани. МЈП „Проаква“ најавува поголеми градежни зафати на водоводниот систем во Струга. Со тоа ќе се подобри опфатноста на каптажата кај Шум со што стружани ќе имаат доволно количество вода за пиење, а ќе се реши и проблемот со заматеноста на водата при пообилни врнежи од дожд Искрено се надевам дека проблемот нема да се повтори. А поголема санација на каптажата ќе се направи кога ќе дозволат временските услови така што овој проблем нема да се повтори. Ние се што треба ќе направиме од наша страна, вели Владимир...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top