Пожарите беснеат низ Европа

Еден човек загина, а една жена се води за исчезната во новиот пожар во Шпанија, во реонот на градот Аренас де Сан Педро, на 120 километри западно од шпанската престолнина Мадрид, пренесоа агенциите.

 |  Крсте Голабовски  | 

Еден човек загина, а една жена се води за исчезната во новиот пожар во Шпанија, во реонот на градот Аренас де Сан Педро, на 120 километри западно од шпанската престолнина Мадрид, пренесоа агенциите.

pozarЧовекот загинал кога огнот ја уништил куќата во која тој се наоѓал. Се претпоставува дека и жената била во куќата.
Стихијата во реонот на Аренас де Сан Педро уништи 300 хектари шума. Со неговото гаснење се борат 100 пожарникари, седум авиони канадери и неколку хеликоптери. Се наведува дека пожарот бил запален со умисла, затоа што истовремено избувнал на три различни места.

Шумските пожари во Шпанија, што беснеат од минатата недела, веќе однесоа шест жртви-петмина пожарникари и еден цивил.
Неколку пожари веќе беа изгаснати во вторникот. Три четвртини од шпанските провинции се ставени под закана од нови пожари заради сушите, силните ветрови и високите температури.
За една недела во Шпанија беа уништени приближно 20.000 хектари шумски масиви. Од почетокот на годината пак во земјата беа уништени вкупно 70.000 хектари шумски масиви, што е речиси двојно повеќе од штетите, предизвикани од пожарите во текот на целата измината 2008 година.
Истовремено, двата пожара што избувнаа во две северни предградија на Атина веќе се ставени под контрола, пренесоа грчките медиуми.
Со стихијата, што беснееше во северните атински предградија Аспропиргос и Ано Лиосија се борат три противпожарни авиони, два хеликоптера и над 150 пожарникари. Лесно се повредени двајца пожарникари, и тоа поради превртување на камионот со кој тие патувале кон предградијата.
Заради двата пожара во вторникот повеќе од еден час беше затворен крак од магистралата што ги поврзува северна Грција и Атина. На тој начин, многу беше нарушен сообраќајот кон атинскиот меѓународен аеродром.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top