Анкетите покажуваат, русите се крстат во Путин

Русите продолжуваат да не гледаат алтернатива на Владимир Путин во власта и по инерција ги поврзуваат со него надежите за решавање на сите проблеми во иднина, покажуваат резултатите од социолошкото проучување на институтот Левада-центар, објавени од весникот „Комерсант“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Vladimir Putin
Владимир Путин

Русите продолжуваат да не гледаат алтернатива на Владимир Путин во власта и по инерција ги поврзуваат со него надежите за решавање на сите проблеми во иднина, покажуваат резултатите од социолошкото проучување на институтот Левада-центар, објавени од весникот „Комерсант“.

Vladimir PutinВо текот на сите десет години, изминати откако Путин за првпат застана на чело на Владата (во август 1999), неговото име во масовната свест предизвикува само позитивни оцени, оценува весникот.
Анкетираните како главни заслуги на Путин ги посочуваат „подобрувањето на животниот стандард, зголемувањето на платите и пензиите“, „економскиот развој на земјата“, „зголемувањето на оптимизмот, надежите за скорешно подобрување на состојбата во земјата“.

Русите не се збунуваат од тоа дека „во рацете на Путин е фокусирана целата власт во земјата, додава „Комерсант“. Шеесет и три проценти од анкетираните се уверени дека тоа е за „доброто на Русија“ и само 16 проценти стравуваат „дека тоа нема да доведе до ништо добро“.

Весникот „Газета“ го цитира директорот на Левада-центарот, Лев Гудков, кој истакнува дека под влијанието на финансиската криза, многу луѓе ги посочуваат неуспесите, отколку успесите на Путин, но тоа не го засега рејтингот на премиерот.  

– Рејтингот на Путин сега се потпира пред се не на неговите реални постигнувања, туку на надежите на луѓето дека тој ќе успее, и покрај кризата, да обезбеди по извесно време економски раст и зголемување на доходите на населението, посочува Гудков.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top