Бугарскиот парламент денеска треба да го потврди предлогот на мандатарот Бојко Борисов за состав на новата влада на земјата.
Софискиот градоначалник и лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) понуди малцинска влада, откако на изборите одржани на почетокот на јули ГЕРБ освои 116 од вкупно 240 мандати во бугарското народно собрание.
Повеќе помали партии – националистите Атака, Сината коалиција и конзервативната РЗС (Ред, Право, Правда) кои заедно имаат 46 мандати најавија дека, без министерски места, ќе ја поддржат малцинската влада на Борисов, кој вети дека ќе се бори против корупцијата и ќе ја извлече Бугарија од економската криза.
На изборите катастрофално загуби досегашната владејачка Бугарска социјалистичка партија на Сергеј Станишев, пред се поради големите коруптивни афери, заради кои државата остана без дел од средствата од ЕУ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град