Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт ги повика Хрватска и Словенија да ја „смират реториката”, истакнувајќи дека е во интерес на двете страни што побрзо да го решат граничниот спор.
„Мислам дека двете страни отидоа предалеку…Сега и јавно ќе кажам – треба да се биде внимателен во реториката, Балканот е место каде мора да се биде внимателен со реториката бидејќи луѓето веруваат во тоа што ќе се каже, а тоа може да предизвика последици”, изјави Билт.
„Во интерес на двете страни, во интерес на сите е тоа прашање да се реши – што побрзо, тоа подобро за Хрватска. Наш интерес е да се забрзаат, да се помрднат хрватските пристапни преговори, што очигледно е важно за таа земја и за целиот регион, но и за Словенија, бидејќи ниту една нација не сака да биде изолирана во Советот на ЕУ”, рече Билт вчера пред Европскиот парламент.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град