Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска ја почнува турнејата по балканските држави, во рамките на која в четврток ќе ја посети Македонија.
Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска ја почнува турнејата по балканските држави, во рамките на која в четврток ќе ја посети Македонија.
Повод за посетата на Рен е неодамнешната препорака на Европската комисија за укинување на визите за влез во земјите членки на шенгенскиот простор на граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора.
Еврокомесарот за проширување денеска ќе престојува во Србија и во Црна Гора.
Рен во Србија ќе разговара за продолжување на евроинтегративниот процес на државата, за односите на Србија со Европската унија и за визната либерализација.
Според најавите, Рен во Подгорица ќе му го врачи на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ прашалникот на Европската комисија, што е почеток на процедурата во која што се одлучува за прифаќање на кандидатурата за членство во ЕУ.
Власта во Подгорица во повеќе наврати посочи дека подготвено го чека прашалникот и оти на него би можеле да одговорат за четири до пет месеци.
Рен, како што е најавено, во Скопје ќе допатува во четврток. Тој ќе има средба со премиерот Никола Груевски, со претставници на Националниот совет за евроинтеграции, како и со невладини организации.
Еврокомесарот по посетата на Македонија заминува во Босна и Херцеговина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град