партерно уредување

Се уредуваат јавните површини низ Охрид

Екипи на охридските јавни претпријатија деновиве ги уредуваа јавните површини на неколку локации во Охрид и околината.
 |  инфодеск  | 

По налог на Општина Охрид, екипи на охридските јавни претпријатија деновиве работат на партерно уредување на јавни површини на неколку локации во Охрид и неговата околина.

Во село Пештани се уредува и поплочува пристапната улица која го поврзува ова населено место со регионалниот пат Охрид – Св. Наум. Изведувач на градежните активности е фирмата „Кими-Ибра“ од Кичево.

Во село Велгошти со бехатон плочки се поплочи пристапната улица што води до ООУ „Живко Чинго“.

Екипи на ЈП „Водовод“ пак, работат на поставување нова водоводна линија на ул. „Григор Прличев“ во Стариот дел на градот.

Активностите се реализираат со средства од буџетот на Општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top