театарска претстава

„Разведи ме“ сабота пред охриѓани

Оваа сабота со почеток во 20 часот во НУЦК „Григор Прличев“ ќе се одржи театарската претстава „Разведи ме/Две нијанси црвено“.
 |  инфодеск  | 

Сабота со почеток во 20 часот, во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид ќе се одржи театарската претстава „Разведи ме/Две нијанси црвена“ во режија на Роберт Ристов, а во изведба на Театар “Провокација“ од Скопје.

Претставата на еден експлицитен начин, без непотребни цензури, се бави со причините кои најчесто знаат да доведат до распаѓање на бракот. Ситуациите кои ги третираме во претставата ќе ве натераат да погледнете на работите од поинаква перспектива и да ги преиспитате своите ставови околу одредени прашања кои многу често си ги поставувате на себе во дијалогот што го водите пред огледало – велат актерите.

Во претставата „Разведи ме” улогата на брачни партнери ја имаат Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов, а во снимените видеа играат актерите Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски (таткото).

Претставата е финансирана од Општина Гази Баба. Зад режијата, сценографијата и изборот на костими за оваа претстава е потпишан Роберт Ристов. Кореографијата е на Марија Бејкова.

Карти по цена од 200 денари можат да се најдат на билетарата при НУЦК “Григор Прличев”. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Претставата ќе се одигра согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top