седница на совет

Ќе се доделува еднократна парична помош

Предлог одлука за донесување Правилник за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица.
 |  инфодеск  | 
седница на совет на општина

Охридските советници на вчерашната Седница ја усвоија и Предлог одлуката за донесување Правилник за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица.

Со оваа одлука, односно согласно усвоениот буџет, парична и друга помош кон физичките лица ќе се доделува за следната намена:

-еднократна помош за лекување;

-еднократна помош за елементарни непогоди (пожари, поплави)

-еднократна помош за новороденчиња

-социјални пакети во прехранбени продукти и средства за одржување на хигиена.

Средствата предвидени во буџетот на годишно ниво за еднократна парична помош на физички лица (поединци) наменета за лекување ќе се распределува според следните критериуми:

1. За Лекување со оперативен зафат надвор од државата доколку оперативниот зафат не е покриен од фондот за здравствено осигурување до 15.000,00 денари

2. За Лекување надвор од државата до 9.000,00 денари

3. За Лекување со оперативен зафат во државата до 5.000,оо денари

4. За Лекување со соодветни испитувања во државата до 3.000,оо денари.

Еднократна парична помош ќе се доделува на семејства настрадани од елементарни непогоди (пожари, поплави, земјотреси) во висина до 30.000,оо денари.

Еднократна парична помош на родители ќе се додели по основ на новороденче и тоа:

– за прво новороденче 5.000,оо денари

– за второ новороденче 5.000,оо денари.

Социјални пакети во прехранбени продукти и средства за одржување на хигиена во вредност до 3.000,оо денари по семејство, ќе се доделуваат врз основа на доставено барање од физичко лице со прилог потврда за социјален статус и семејна состојба.

Инаку, советниците изгласаа и други одлуки кои се во интерес на граѓаните, како што се Предлог-одлуката за давање согласност на Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипед, Предлог-одлука за прифаќање на иницијатива и отстапување на времено користење простор за формирање на Центар за церебрална парализа и други нарушувања на психомоторниот развој во општина Охрид, како и Предлог-одлука за формирање Совет за заштита на потрошувачите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top