поскапување на нафтените деривати

Огромен скок на цената на горивата

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензините поскапуваат за 5,50 ден/литар, а дизелот за рекордни 10 денари за литар.
 |  инфодеск  | 

Регулаторната комисија за енергетика го објави најдрастичниот скок на цените на горивата во последните десетина и повеќе години – од полноќ, бензинот БС-95 поскапува за пет и пол денари по литар, бензинот БС-98 ќе се продава за цена поскапа за пет денари по литар, а најголемо е поскапувањето кај дизелот, чија цена се зголемува за дури десет денари за литар гориво.

точење гориво

Ова се новите цени:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 54,319 (денари/килограм)

Регулаторната комисија денешното поскапување го објави со задоцнување од повеќе од шест часа и наместо напладне, како обично, новите цени ги соопшти по 18 часот.


More Coverage

Сеуште трае кризата за гориво во Британија

Персонал на британската армија ќе почне да доставува гориво до бензинските пумпи ширум земјата од понеделник, соопшти британската влада.

Бензините поскапуваат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 % во однос на Одлуката од 05.07.2021 година.

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари, а дизел горивата поскапуваат за половина денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top