проекти за инвалидизирани лица

Пристапен туризам во охридско-струшкиот регион

Во охридско-струшкиот регион ќе се воведува пристапен туризам, информира Анита Гагоска од Здружението „Порака Нова” Струга.
 |  инфодеск  | 

Охридско-струшкиот регион ќе воведува пристапен туризам. Невладината „Порака Нова” од Струга е првата организација во земјава, која што стана членка на Меѓународната организација и Европската мрежа за пристапен туризам.

Ќе се работи на проекти за туристичките атракции, музеите, црквите, културно историските споменици и плажите вдолж брегот на Охридското езеро да станат пристапни и за инвалидизираните лица.

Сега веќе почнуваме проекти за воведување на пристапниот туризам и се надеваме дека во скоро време би отвориле и социјално претпријатие кое би нудело услуги и производи кои што се однесуваат на пристапноста и пристапниот туризам во глобала кои би се нудиле не само на ниво на Македонија туку и во Балканот – вели Анита Гагоска од Здружението „Порака Нова” Струга.

Десетина години има проект за изградба на плажа за инвалидизирани лица, но е во застој поради Планот за управување со Охридското езеро. Невладините велат плажата може да се изгради од природни материјали и да биде во согласност со препораките на Унеско.

Тринаесет апартмани поседуваме тука идат преку 600/700 лица со телесен инвалидитет од земјава. Тоа е за сите европјани. Ќе види имало на Охридското езеро плажа со пристапност и достапност и ќе дојде да летува на Охридското езеро токму поради таа плажа – вели Венко Голабоски од Здружението „Мобилност”.

Светот е многу напред на полето на пристапниот туризам. Се користи вештачка интелегенција, мобилни апликации, специјални лифтови, патеки за да им го олесни пристапот на лицата со посебни потреби до туристичките атракции.

Новинар : Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top