јавен повик

Привршува рокот за поднесување предлог проекти во рамки на Reload2

Истекува рокот за доставување апликации за Јавниот повик за поднесување предлог проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2)

 |  Јасна Стојаноска  | 

Општина Охрид ги потсетува сите заинтересирани Граѓански организации дека во петок (04.03.2022) истекува рокот за доставување апликации за Јавниот повик за поднесување предлог проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува програмата за развој на Обединети нации (УНДП).

Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки.

Во проектот ReLOaD2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН2 (ReLOaD2)

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top