Полициски службеници од Охрид во близина на Песочан пронајдоа автомобил „Порше”, кој бил пријавен како украден.
На 01.03.2022 година во 10:35 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, во близина на селото Песочани, општина Дебрца, пронајдоа патнички автомобил „Порше” без регистарски ознаки.
Истото во текот на 2021 година било украдено од жител на Битола по што била распишана централна потерница. Возилото е обезбедено за понатамошна постапка – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град