Најголемата руска банка се повлекува од Европа

Главната руска банка Сбербанк група денеска соопшти дека се повлекува од европскиот пазар, зашто е погодена од огромните финансиски санкции воведени како одговор на руската инвазија врз Украина, пренесуваат руските новински агенции.

 |   | 

Главната руска банка Сбербанк група денеска соопшти дека се повлекува од европскиот пазар, зашто е погодена од огромните финансиски санкции воведени како одговор на руската инвазија врз Украина, пренесуваат руските новински агенции.

Во соопштението од банката се наведува дека нивните филијали се „соочуваат со абнормален одлив на средства и закани за безбедноста на вработените“.

Сбербанк не е во можност да обезбеди ликвидност за своите европски филијали поради налогот на Централната банка на Русија. Сбербанк беше присутна во осум европски земји – Германија, Австрија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина.

Европските подружници на Сбербанк имаат високо ниво на капитал и имот, средствата на клиентите се осигурани во согласност со локалните закони – наведе банката.

Банкарскиот регулатор на ЕУ синоќа соопшти дека ќе биде отворена стечајна постапка за главната филијала на Сбербанк во Европа.

Сбербанк Европа АГ, главната филијала во Европа со седиште во Австрија, која вработува скоро 4000 луѓе, ќе биде предмет на „постапка за несолвентност“ во таа земја, соопшти регулаторот.

Санкциите против Сбербанк по руската инвазија врз Украина беше воведени од САД, Канада и Велика Британија, но досега Европската унија не ја вклучи оваа банка во листата руски банки кои се исклучени од банкарскиот систем СВИФТ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top