Киев помина релативно мирна ноќ

Во украинската престолнина утрово во 8 часот заврши полицискиот час кој траеше цел викенд. Стотици илјади луѓе ги поминаа последните два дена под земја. Полицискиот час беше укинат и тие конечно можат да го напуштат своето засолниште. Но, половина час подоцна се огласија сирените за воздушен напад и тие мора да брзаат назад, известуваат репортерите на големите светски медиуми куќи кои се во Киев.

 |   | 

Периодот кога нема ниту полициски час ниту, пак се слушаат сирени, ќе го искористат набрзина да набават храна, вода, да излезат на свеж воздух и да видат како изгледа градот.

Се известува за константни судири меѓу украинските сили и таканаречените руски диверзанти во речиси секој округ.

Во текот на ноќта имало значително гранатирање во Чернихив на северот на Украина, а погодена е и станбена зграда, но пријавен е само еден повреден, веројатно затоа што луѓето ги следат советите и се засолнуваат под земја. Гранатирања има и во Харков.

Локалните власти објавија и дека руските сили зазеле поморска база на југот во Бердијанск.

Би-би-си објави мапа на која е прикажано до каде пристигнаа руските сили во инвазијата на Украина и кои делови ги контролираат.

Министерот за одбрана Олекси Резников рече дека над 100 000 Украинци се приклучиле кон вооружените сили. Тој, исто така, ова го нарекува европска војна и вели дека сега нема граници меѓу Украина и Европа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top