Балканот да влезе во ЕУ

Новоизбраниот претседател на Европскиот парламент (ЕП), Јержи Бузек, од првиот ден на својот мандат се заложи за проширување на ЕУ кон Балканот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Jerzi Buzek
Јержи Бузек

Новоизбраниот претседател на Европскиот парламент (ЕП), Јержи Бузек, од првиот ден на својот мандат се заложи за проширување на ЕУ кон Балканот.

Jerzi Buzek„Јас велам дека во Балканот имаме една многу интересна и ветувачка ситуација. Знаеме дека беше еден тежок и експлозивен дел на Европа. Таму веќе немаме тензии и тие земји се обидуваат да станат дел од ЕУ, а тоа претставува добра вест. Го сменивме однесувањето на овие земји и ова треба да продолжи затоа што е многу битно“, изјави Бузек, кој во вторникот беше избран за претседател на ЕП; прво од земја од поранешниот комунистички блок.

Поранешниот полски премиер, Јержи Бузек, ја застапува десната групација во ЕП, која произлезе како победничка на јунските европски избори.

Бузек, како што пренесува Макфакс, на претседателска функција ќе биде две ипол години. Во вториот дел од мандатот, на чело на ЕП ќе застане германскиот социјалист Мартин Шулц.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top