Двајца мртви во пад на хеликоптер во Авганистан

Две лица загинаа при уривање на воен хеликоптер во јужната авганистанска покраина Хелманд, каде е во тек воена операција против талибанците, соопштија денеска НАТО и британската војска.

 |  Крсте Голабовски  | 
helikopter
хеликоптер

Две лица загинаа при уривање на воен хеликоптер во јужната авганистанска покраина Хелманд, каде е во тек воена операција против талибанците, соопштија денеска НАТО и британската војска.

helikopterТалибанците изјавија дека хеликоптерот „чинук“ го соборила една бунтовничка група, а очевидците наведуваат дека леталото уште во воздух било во пламен.

Портпаролот на НАТО изјави дека во несреќата животот го загубиле две лица и дека хеликоптерот превезувал цивили, пренесе Би Би Си.

Портпаролот на британските војници во Хелманд, кои влегуваат во составот на силите на НАТО за поддршка на мирот, потврди дека имало несреќа со хеликоптер, но не беше во состојба да соопшти која била причината и дали има жртви. Според него, леталото било на британската војска.

Во операцијата во Хелманд, главното упориште на талибанците, учествуваат околу 4.000 американски маринци и повеќе стотици припадници на силите на НАТО и авганистанската војска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top