Северна Кореја потврди дека тестирала балистичка ракета

Северна Кореја потврди дека тестирала балистичка ракета со среден дострел, способна да стигне до американската територија Гуам, што претставува најзначајното лансирање оружје на државата во последните години. Пјонгјанг изврши рекордни седум тестови на оружје од почетокот на годината додека се закани дека ќе се откаже од самонаметнатиот мораториум за лансирање на оружје со долг дострел и нуклеарно оружје.

 |   | 

Тестот на Хвасонг-12 беше дизајниран да ја оцени ракетата и нејзината точност – соопшти официјалната севернокорејска централна новинска агенција.

Висок американски функционер изјави дека Вашингтон е загрижен дека Северна Кореја би можела да продолжи со тестирање на нуклеарно оружје и интерконтинентални балистички ракети. Тој вчера на брифинг со новинарите порача дека Вашингтон бара од Пјонгјанг да се вклучи во директни разговори без предуслови.

Се разбира, ние сме загрижени – рече неименуваниот официјален претставник.

Вашингтон ги задржа санкциите кон Северна Кореја и изврши притисок врз Советот за безбедност на ОН да го зголеми притисокот со нови санкции по најновите лансирања.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top