Босанските муслимани денеска ја одбележуваат 14-годишнината од масакрот во Сребреница.
Босанските муслимани денеска ја одбележуваат 14-годишнината од масакрот во Сребреница.
Босанските муслимани денеска ја одбележуваат 14-годишнината од масакрот во Сребреница, во Источна Босна, каде што околу 8.000 босански муслимански мажи и момчиња беа убиени за неколку дена по преземањето на муслиманската енклава која се наоаѓе под заштита на ОН, од страна на босанските српски сили за време на војната во БиХ, од 1992-1995.
Илјада полицајци ќе ја гарантираат безбедноста за време на церемонијата, на која се очекува да присуствуваат неколку десетици илјади лица. Таа ќе се одржи во Меморијалниот центар во Поточари, крај Сребреница, каде што се погребани останките на околу 3.200 жртви, идентификувани по ексхумацијата од околу 70 масовни гробници, откриени во реонот.
Утре во Меморијалниот центар ќе бидат положени и останките на уште 500 идентификувани жртви од масакрот во Сребреница, ексхумирани од масовните гробници.
Масакрот во Сребреница, кој е определен како геноцид од Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија и од Меѓународниот кривичен суд, оваа година ќе биде одбележан во целата ЕУ во согласност со резолуција од Европскиот парламент, одобрена во јануари годинава.
Вчера и хрватскиот Парламент гласаше за објавување на 11 јули за ден на спомен на жртвите од геноцидот во Сребреница.
Бидејќи Сребреница се наоѓа во босанско српскиот дел – Република Српска, церемониите, со кои се одбележува годишнината, се смета оти се настан од голем ризик.
Босанските српски власти признаа во 2004 година дека српските сили убиле околу 8.000 муслимани од Сребреница, но ја осудија резолуцијата на ЕП во почетокот на годината, со мотивот дека оддавањето почит треба да биде за сите над сто илјади жртви на меѓуетничката војна во Босна и Херцеговина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град