Црногорската влада ги заостри мерките за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирус, откако 24 часа беше регистриран рекорден број на заразени, а од 2 јануари влез во Црна Гора, без разлика дали некој е вакциниран и дали прележал ковид-19 ќе мора да има негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа или брз антиген тест кој не е постар од 48 часа. Мерките ќе важат до 12 јануари.

Граѓаните на Црна Гора и странците со привремен престој можат да влезат во земјата без овој доказ, но со определување на самоизолација од 10 дена, која може да се прекине најрано три дена по негативниот ПЦР тест.
Според новите мерки, работното време на рестораните, кафулињата, другите угостителски објекти и хотелите од 31 декември до 1 јануари е ограничено на 1 час по полноќ со поседување на потврда. На тој ден, музика во живо или акустични преноси се дозволени само помеѓу 20 часот и еден час по полноќ. Во текот на сите останати денови до 12 јануари, работното време на сите угостителски објекти со поседување на потврда за ковид-19 е ограничено на 22 часа. Забранети се свадби, родендени, забави, музички фестивали и други приватни прослави.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град