Невреме во Далмација, Сплит под вода

Големо невреме со обилни врнежи од дожд во Хрватска предизвика голема поплава на улиците во Сплит, пренесуваат хрватските медиуми. Поплавени се многу улици во центарот на градот, како и градските патишта.

 |   | 

Автоматската метеоролошка станица Сплит-Спинут од полноќ бележи дури 47 литри врнежи, од кои 36 литри од 8:30 до 9:30 часот, јавува „Далмација денес“.

Хрватскиот автоклуб ХАК ги предупредува возачите дека патиштата низ Далмација се полни со вода, а на некои места патиштата се затворени поради непроодност.

Тротоарите се влажни и лизгави во поголемиот дел од земјата. Поради повремени и обилни врнежи од дожд, особено во Далмација можна е поголема количина на вода на коловозот. На места има магла, а можна е и појава на одрони, особено на Јадранската магистрала (DC8) и патиштата во планините. Ги предупредуваме возачите да не тргнуваат на пат без пропишаната зимска опрема – соопштија од ХАК.

Видео од невремето на следниот линк

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top