• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Свет
  • БАРБАДОС ПОЧНА НОВА ЕРА КАКО РЕПУБЛИКА И ЈА ПРОГЛАСИ РИЈАНА ЗА НАЦИОНАЛНА ХЕРОИНА

БАРБАДОС ПОЧНА НОВА ЕРА КАКО РЕПУБЛИКА И ЈА ПРОГЛАСИ РИЈАНА ЗА НАЦИОНАЛНА ХЕРОИНА

Барбадос влезе во нова ера откако и официјално стана Република и 55 години од прогласувањето независност се откажа од Елизабета Втора како шеф на државата. Истовремено, најпознатата жителка на оваа карипска држава Ријана беше прогласена за Национална хероина.

 |   | 

Барбадос влезе во нова ера откако и официјално стана Република и 55 години од прогласувањето независност се откажа од Елизабета Втора како шеф на државата.

Британската кралица Елизабета Втора испрати порака до новата Република Барбадос: „Најтопли, најдобри желби за среќа, мир и просперитет во иднината“ додека го слават својот посебен ден.

Во пораката до новата претседателка Сандра Мејсон и граѓаните на карипската држава кралицата ја пофали нацијата, која има посебно место во нејзиното срце, „нејзината енергична култура, спортска сила и природна убавина“.

Принцот од Велс одржа говор во кој ги истакна трајните врски меѓу Барбадос и Обединетото Кралство. Кралицата ѝ честита на Мејсон, која стана првиот претседател на Барбадос.

Јас првпат ја посетив вашата прекрасна земја во пресрет на независноста на почетокот на 1966 година и исклучително ми е драго што мојот син е со вас денес – се вели во пораката на британската кралица.

Кралицата додаде дека земјите со години биле партнери врз основа на заеднички вредности, блиска соработка за разни прашања, вклучително и неодамнешната акција за борба против климатските промени.

Британската кралица беше на чело на Барбадос од осамостојувањето на островот во 1966 година. Со години имаше национална дебата за Барбадос да се направи Република пред премиерката Миа Мотли да го повлече историскиот потег минатата година.

Кралицата останува на чело на уште 15 земји, а од земјите од регионот на Карибите ѝ остануваат Антигва и Барбуда, Бахамите, Белизе, Гренада, Јамајка, Свети Кристофер и Невис, Сент Лусија и Свети Винсент.

Истовремено, на свеченоста, најпознатата жителка на оваа карипска држава Ријана беше прогласена за Национална хероина. Ријана донесе гламур на церемонијата во главниот град Бриџтаун, облечена во свилен портокалов фустан на италијанскиот моден бренд „Ботега Венета“.

Продолжи да блескаш како дијамант и да ѝ носиш чест на нацијата со своите дела и постапки – кажа премиерката Мија Мотли.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top