Општина Охрид е подготвена за штедење на електрична енергија

За примена на мерките се чека одлуката на Комисијата за кризна состојба. Доколку состојбата со енергетското снабдување во земјава не ескалира  градот и понатаму ќе биде осветлен и нема да има примена на рестриктивните мерки.

 |  Валентина Неловска  | 

Во Охрид засега не се чувствува енегетската криза и покрај тоа што е прогласена енергетска криза во државата. Во вечерните часови светат  уличното осветлување, излозите и рекламите. Граѓаните се прашуваат зошто општината не презема мерки за штедење на електричната струја. Здравко Петрески, советник за енергија и енергетика во Секторот за комунални дејности, информира дека општина Охрид е подготвена за спроведување на рестриктивните мерки за штедење електрична енергија доколку тоа го побара Комисијата за кризна состојба која ги следи состојбите во енергетскиот сектор. Имаат изготвено системско решение за штедење на електрична енергија и се чека одлуката на Комисијата.  

Преземени се сите подготовки, но тоа не значи дека ќе се преземат рестриктивните мерки. Се воспостави правна рамка, ние сме подготвени како Локална самоуправа ако има потреба врз основа на барањето на Комисијата за кризна состојба во енергетскиот сектор ќе постапиме соодветно. Можеби и нема. Одлуката е донесена на 10 ноември и е со траење од 30 дена – истакна Петрески.

Секторот за комунални дејности има изготвено мерки за штедење на електрична енергија кои се содржани и во 3 годишни програми усвоени од Агенцијата за енергетика, а исто така и со едногодишни планови, вели Петрески. Повикува граѓаните, јавниот и приватниот сектор рационално да ги користат струјата и водата. Појаснува кои се ингеренциите на општината доколку нема електрична енергија. 

Предвидени се 5 степени на реагирање. Прв степен е од 5 до 10 проценти ако нема енергија, а 5 степен е над 40 проценти. Тие инегеренции се исклучување на реклами, намалување на јавното и уличното осветлување, до рекламите и до безбедно функционирање на градот. Намалување на осветлувањето на излозите и минимализирање на грејните тела, како и дополнително загревање на деловните простории – додава Петрески.

Владата донесе уредба на 10-ти ноември и прогласи енергетска криза. Притоа се утврдија мерките и критеруимите, а се формира и Комисија за кризна состојба во енергетскиот сектор која ќе ја прати состојбата. Во меѓувреме, интервенира со 4 милјарди денари кои ги префрли на сметката на Елем за граѓаните да не го почувствуваат ценовниот шок од поскапување на електричната енергија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top