Светската програма за храна предупредува дека бројот на луѓето кои се на работ на гладување во 43 земји во светот достигнал 45 милиони, бидејќи несигурноста на храната остро се зголемила во светот.
Светската програма за храна предупредува дека бројот на луѓето кои се на работ на гладување во 43 земји во светот достигнал 45 милиони, бидејќи несигурноста на храната остро се зголемила во светот.
Скокот со 42 милиони на почетокот од годинава на 45 милиони луѓе на коишто денес им се заканува глад е последица на состојбата во Авганистан каде има дополнителни три милиони соочени со гладта, се наведува во извештајот на споменатата агенција на Обединетите нации со седиште во италијанската престолнина Рим.
Десетици милиони луѓе се на работ на пропаста. Судирите, промените на политиките и Covid-19 го зголемија бројот на гладните. Најновите податоци се покажуваат дека 45 милиони луѓе се на работ на гладта – изјави извршниот директор на WFP, Дејвид Бизли, по патувањето во Авганистан каде што според објавата на неговата агенција е донесена помош за речиси 23 милиони луѓе.
„Цените на горивата растат, цените на прехранбените производи скокнаа во небото, сите тие фактори ја потхрануваат новата криза, како што е оваа којашто се случува сега во Авганистан покрај старите кризи, како што се оние во Јемен и во Сирија“, додаде Бизли.
За да се спречи гладот во светот, потребни се седум милијарди долари, а тоа е раст во однос на 6,6 милијарди долари на почетокот од 2021 година. Меѓутоа, традиционалните механизми за финансирање се преоптоварени, предупредуваат од ОН.
Од WFP, пак, истакнуваат дека семејствата се соочени со „ужасен“ избор: присилени се да мажат сѐ помлади и помлади девојченца, да ги повлекуваат децата од образованието или да ги хранат со скакулци и лисја од кактус. Медиумските извештаи од Авганистан предупредуваат дека семејствата се „принудени да ги продаваат сопствените деца во очајните обиди да преживеат“, додаваат до ОН.
Бројните суши во Авганистан во комбинација со економскикот колапс тешко ги погодиле семејствата. Во Сирија 12,4 милиони луѓе не знаат како ќе го обезбедат следниот оброк и таа несигурност да се обезбеди храната е најголемата од почетокот на војната во 2011 година во земјата. Тешка ситуација со недостиг од храна има и во Етиопија, Сомалија, Ангола, Кенија, Буринди и на Хаити, велат од WFP.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град