Драматичната ковид-состојба во соседна Србија продолжува. Директорот на кризниот штаб, Предраг Кон, изјави дека во просек околу 20% од новозаразените се всушност, деца на предшколска и школска возраст.

Според него, бројот може да биде и доста поголем, поради асимптоматските случаи, но дека засега системот на следење на состојбата во училиштата добро функционира.
Кон наведува дека вирусот во училиштата „влегол“ поради домашни прослави, но и забави. Епидемиологот стои на тоа дека се потребни построги рестрикции, за да може да се стави ситуацијата во болниците под контрола, бидејќи речиси сите капацитети се исполнети целосно.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град