Охридските основни училишта ги чекаат смарт таблите

Во меѓувреме наставата се одвива без проблеми иако некои од нив имаат по една смарт табла или телевизор. Велат опремени се со добар интренет, ЦД прожектори и компјутери. Од општина Охрид инфомираат дека е завршена постапката за набавка на новата опрема и по локалните избори ќе им се додели на школите.

 |  Валентина Неловска  | 

Модерната технологија која се воведува во основното образование од прво до четврто одделение полека ги заменува зелената табла, кредата и сунѓерот, со смарт табли. Во рубриката Ти Си Твојот Град, родителите кои ги пополнија анкетните прашалници за состојбите во образованието имаат забелешки за опременоста на училиштата со нагледни средства, пред се со интерактивни табли.  Во време на дигитализација смарт таблите се од големо значење за интерактивност помеѓу наставниците и учениците во совладување на наставата и проверка на знаењата, децидни се наставниците.

Охридските основни училишта ги чекаат смарт таблите набавени од општината. Директорите на училиштата споделуваат дека се опремени со добар инетернет, компјутери, а некои од нив на разни начини се опремиле и со смарт телевизори и по некоја смарт табла.

Во ОУ „Григор Прличев“ подолг период наназад училниците се опремуваа со смарт телевизори за подобрување на наставниот процес. Менаџментот на училиштето се снаоѓало преку донации, проекти и вклученост на родителите во разни активности. 

Секоја училница е опремена со смaрт телевизори кој ја заменува смарт таблата. Ние нарачавме 3 смарт табли за 3 училници за учениците да следат настава. Доколку во секоја училница има смарт телевизор, прожектор  или добар компјутер наставата може да се одвива напречено – истакна Ивана Маховска Шикалеска, директор на ОУ „Григор Прличев“.

Во ОУ „Св. Климент Охридски“ досега немале смарт телевизори, очекуваат да се опремат преку општината за што нарачале 12 смарт табли и телевизори. 

Немаме смaрт телевизори, но се очекуваат со набавката. Имаме една смарт табла, обучени сме  сите наставници да ја користиме  и да им ја презентираме наставната содржина на учениците. Секоја содржина наставниците ја презентираат со ЦД прожектори и лаптопи и не сме наишле на проблем или недоразбирање за наставната содржина и се тече според наставниот план и програма – истакна Наташа Танеска, директор на ОУ „Св. Климент Охридски“.

ОУ „Братство Единство“ досега располага со две смарт табли, по една за централното школо и за објектот во Лескајца, информира директорот на училиштето Џемал Мехмед. Очекува преку општината да добијат уште 4 смарт табли и 11 од странска донација. Опремени се и со 3 смарт телевизори поврзани на компјутери.

Во ОУ „Христо Узунов“, од 1-во до 4-то одделение без проблем се одвива наставата со примена на дигиталната технологија. Се очекуваат 10 смарт табли кои се нарачани за потребите на школото, информира Оливија Пирузева Јанева, директор на училиштето. Во моментов школото има една смарт табла, смарт телевизори во неколу паралелки, добар интернет и компјутери.     

Од општина Охрид информираат дека е завршена тендерската постапка за набавка на дигитална опрема меѓу кои се и смарт таблите според потребите на општинските училишта. Набавени се 30 смарт табли кои од иднатата недела ќе им бидат распределени на училиштата.  

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top