ДИНО МЕРЛИН СО ЕМОТИВНА ИСПОВЕД

Еден од најпопуларните пејачи во регионот, Дино Мерлин, многу ретко зборува за својот приватен живот во медиумите.

 |   | 

Еден од најпопуларните пејачи во регионот, Дино Мерлин, многу ретко зборува за својот приватен живот во медиумите.

Видеото кое се емитува на социјалните мрежи, предизвика голем интерес, а во него пејачот зборува за многу тежок период во неговиот живот во кој „се му падна на памет“, бидејќи „животот и смртта ми беа исти“.

Со одредено двоумење и солзи во очите, Дино Мерлин откри дека поминал низ страшна борба, онаа со депресијата.

Ќе го кажам ова за прв пат, во еден момент од мојот живот бев сериозно болен. Имав тешка депресија. Тоа не би му го посакал на никого. Се манифестираше на таков начин што не бев за ништо. Воопшто не ме интересираше ништо и животот и смртта беа исти за мене. Јас бев растение. И тоа беше периодот кога сакав да ја напуштам музиката, се ми падна на памет тогаш … Но, еве, со некое чудо се извлеков – рече Мерлин со солзи во очите.

Не е непознато дека депресијата ги погаѓа и среќните и успешните, бидејќи таквата сериозна здравствена состојба, која за среќа може да се лечи, не е последица на нечија незаинтересираност, ниту мрзеливост, како што некои паушално мислат.

Во друго интервју, Мерлин раскажа колку е среќен во бракот, како има прекрасно семејство, деца и внуци, кои се неговата „тврдина“ и кои сигурно му помогнале да го надмине овој период.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top