Шипинкароски ветува решавање на проблемот со водоснабдувањето во струшкиот регион

Димче Шипинкароски, кандидат за градоначалник на Струга од редовите на СДСМ и коалицијата, ја бара поддршката од своите сограѓани ветувајќи реализација на значајни проекти. За него е приоритетен проблемот за решавање на водоснабдувањето на жителите од струшкиот регион. Меѓу проектите ги наведува и изградбата на катна гаража и детска градинка.

 |  Валентина Неловска  | 

Димче Шипинкароски, кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на СДСМ и коалицијата, напоменува дека во изборната програма има бројни проекти со кои ја бара довербата на гласачите. За него е приоритет решавањето на проблемот со водоснабдувањето за жителите почнувајќи од Струга па се до Радожда, Јабланица, Малесија, Долен Дримкол.

Навистина  е незамисливо во 21 век да немаме квалитетна вода за пиење и постојан довод на вода. Тоа би бил прв и основен проект. Втор проект е реконструкцијата на градскиот пазар, кој го бараат граѓаните, согласно стандардите да го направиме пријатно место за пазарење за сите – истакна Шипинкароски.

Меѓу останатите проекти, Шипинкароски ги најави довршување на колекторскиот систем и средување на сообраќајот во централното подрачје.   

Предвидено е да се изгради нов пристапен пат до централното градско подрачје од Татеши на кај Мороишта. Да има нов влез во Струга за да се растерети сообраќајната гужва која е посебно присутна во летниот период. Предвидено е да се направи и катна гаража за да се регулира сообраќајот во централното градско подрачје – додаде Шипинкароски.

Шипинкароски најавува и изградба на нова детска градинка со која ќе се оствари правото на секое дете од предшколска возраст да има место и да посетува градинка.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top