Кралот на Јордан го назначи својот 15-годишен син за престолонаследник

Кралот на Јордан, Абдула Втори го постави со указ својот најстар син Хусеин за престолонаследник.

 |  Крсте Голабовски  | 
Abdula i Husein
Абдула и Хусеин

Кралот на Јордан, Абдула Втори го постави со указ својот најстар син Хусеин за престолонаследник.
Петнаесетгодишниот Хусеин, чија мајка кралицата Ранија е оп палестинско потекло, ќе ги добие сите права и привилегии на оваа титула, се наведува во указот.

kralsko semejstvoТрадицијата на јорданската хашемитска династија согласно Уставот од 1952 година е престолонаследникот да биде најстариот син, но монархот има право да предложи и некои од своите браќа.
Местото за престолонаследник беше слободно од 2004 година кога Абдула Втори го отстрани својот брат, принцот Хамза, од оваа титула.
Кралот Абдула Втори се наоѓа на тронот на Јордан од 1999 година, по смртта на неговиот татко кралот Хусеин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top