Коалиционите партнери на овие локални избори, Христијан Мицкоски и Зијадин Села се оптимисти дека ќе извојуваат победа нивните кандидати во општините каде што се кандидирани.
Во Охрид се одржа средба помеѓу претседателите на ВМРО ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, кои се коалициони партнери на овие локални избори. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ имаше средби и со охриѓани, покрај онаа со Зијадин Села, претсетдателот на Алијанса за Албанците. На неколку денови пред изборите Мицкоски не го крие оптимизмот за исходот од гласањето.
Јас сум убеден во голема победа предводена од ВМРО ДПМНЕ. Ќе посветиме големо внимание на Охрид и охриѓани кои го заслужуваат вистинското место. Цениме дека градот е сериозно потценет. Ако очекувате поинакво однесување од Зоран Заев и од неговиот кандидат тука во Охрид, освен тоа што го видовме изминатите години, тогаш се лажете. Ниту охриѓани, ниту пак јас очекувам поинакво однесување од Заев и Спасовски, а тоа е многу пари за поткуп, многу притисоци, многу закани, многу уцени. Но, тоа што го слушнав од охриѓани, тие се одлучни да ги поразат и одлучни се да го изберат д-р Кирил Пецаков уште во првиот круг за градоначалник на градот Охрид – изјави Мицкоски.
Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, исто така е оптимист дека ќе ги добијат градоначалничките места во сите општини каде што имаат кандидати.
Мислам дека ова е добра работа што се случува бидејќи опозицијата треба да има мостови за комуникација за да донесе промени. Се работи за локални избори и од исходот ќе зависат многу други важни работи на централно ниво. Ова е соработка за да се справи со овој пат што државата секоја година ја добива за стапката на корупција.За жал станува најкоруптивна држава во регионот и во светски размери – кажа Села.
Оваа власт дојде со многу ветувања, но не успеа да реализира никакво ветување, изјави претседателот на Алијанса за Албанците.
Двете опозициски партии се договорија на овие локални избори таму каде што коалицијата Алтернатива/Алијанса ќе има кандидат, ВМРО-ДПМНЕ да не кандидира и обратно. Кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на Алијанса, Идри Истрефи е поддржан од ВМРО ДПМНЕ.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град