Во француска црква од 1950-та година злоставувани 216.000 деца

Истрагата за сексуално злоставување во Француската католичка црква открила дека околу 216.00 деца биле жртви на злоставување од 1950-та година

 |   | 

Истрагата за сексуално злоставување во Француската католичка црква открила дека околу 216.00 деца биле жртви на злоставување од 1950-та година.

Тоа го кажал Жан-Марк Сове, претседател на комисијата која го составила извештајот.

Тој навел дека самата комисија идентификувала околу 2.700 жртви, но дека опширното истражување кое го спровеле истражувачки и анкетни групи проценило дека имало околу 216.000 жртви, а дека тој број би можел да се зголеми и до 330.000 доколку се вклучи и злоставувањето од страна на световни лица во рамките на Црквата, пренесува “Reuters”.

Независната комисија, која католичкта црква ја формирала да истражува сексуални злоставувања претходно соопштила дека било утврдено дека во редовите на Црквата во Франција имало околу 3.000 педофили во текот на изминатите 70 години.

Советот на јавната онлајн презентација соопштил и дека злоставувањето било систематско и дека Црквата не само што не ги преземала неопходните мерки да го спречи, туку и мижела, ги игнорирала извештаите, а понекогаш и свесно ги носела децата во контакт со сексуалните предатори.

Тој нагласил дека проблемот и натаму е актуелен, а дека Црквата се до 2000-тите покажувала рамнодушност кон жртвите и дека почнала да го менува ставот во 2015-та година.

Бискупот Ерик де Моулинс Беауфорт, претседател на француската бискупска конференција, побарал прочка од жртвите на сексуално злоставување и порачал дека чувствува срам по објавувањето на извештајот за размерите на злоставување во француската црква.

И Папата Франциск изрази денеска срам повторувајќи го тоа неколкупати, по објавувањето на извештајот за педофилија во рамки на Католичката црква во Франција.

Сакам да им ја изразам својата тага на жртвите, мојата болка за нивните трауми, но и срам, срам за предолгата неспособност на Црквата да го стави ова во центарот на своето дејствување – истакна папата на општа аудиенција.

Поглаварот на Римокатоличката црква ги повика сите службеници на Црквата „да продолжат со своите напори да спречат да се повторат такви драми“.

Говорејќи за „тешко, но спасувачко искушение“, тој ги повика „француските католици да ја преземат својата одговорност, така што Црквата ќе стане безбеден дом за сите“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top