Јапонскиот парламент го изгласа 64-годишниот Фумио Кашида за нов премиер на земјата. Тој минатата недела го замени Јошихиде Суга како лидер на владејачката Либерално-демократската партија, која заедно со коалициските партнери има мнозинство во двата дома во јапонскиот парламент.

Суга претходно утринава поднесе оставка по само една година на функцијата, откако рејтингот на неговата влада падна поради начинот на справување со пандемијата на коронавирус.
Кашида, кој е поранешен министер за надворешни работи, не се очекува драстично да ги промени главните владини политики, но вети огромен економски поттик во третата по големина светска економија.
Тој исто така ќе ја предводи партијата на изборите што мора да се одржат до 28 ноември. Се очекува владејачката партија повторно да победи, но може да изгуби дел од сегашните пратеници.
Кашида поддржува силни јапонско-американски односи и партнерство со другите демократии, делумно за да ѝ се спротивстави на Кина и на нуклеарно вооружената Северна Кореја.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град