Француската полиција пресретнала камион со околу 700 килограми кокаин скриен меѓу дваесет тони ракчиња во северозападна Франција.
Француската полиција пресретнала камион со околу 700 килограми кокаин скриен меѓу дваесет тони ракчиња во северозападна Франција.
Како што пренесуваат странските агенции, две лица се приведени во акција кај Ле Авр.
Полицајците го запреле камионот додека излегувал од пристаништето.
Меѓу кутиите со ракчиња од Екватор, пронајдени се 11 вреќи со вкупно 687 килограми кокаин, во вредност од повеќе од 40 милиони евра.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град