Повеќе од 400 продавници на Лидл во Холандија повеќе нема да продаваат цигари или тутун, објави германскиот синџир продавници.
Со овој потег Лидл ја претрка владината забрана и стана првиот голем ланец што ги повлекува тутунските производи од понудата.
Лидл активно придонесува за создавање генерација на непушачи – велат од компанијата.
Лидл Холандија ја поддржува иницијативата на неколку здравствени организации чија цел е да им се даде можност на децата да растат без чад и да ги заштитат од штетните ефекти на пасивното пушење и искушението самите да почнат да пушат.
Холандската влада го пофали потегот на компанијата, која го објави уште во 2018 година и постепено се прошири долж малопродажната мрежа.
Се надеваме дека нивниот пример наскоро ќе го следат и други ланци на супермаркети – вели холандскиот министер за здравство Пол Блохуис.
Од 2024 година, тутунските производи во Холандија ќе можат да се продаваат само на бензински пумпи, специјализирани продавници, киосци и продавници што добиваат специјална дозвола, пишува ДПА.
Од 2023 година, продажбата преку Интернет исто така ќе биде забранета, пишува Индекс.хр.