Најмалку девет жртви во пожарот во болницата за инфективни болести во романскиот град Констанца, пренесува АП.
Најмалку девет жртви во пожарот во болницата за инфективни болести во романскиот град Констанца, пренесува АП. Во тек е евакуација на пациентите и персоналот од болницата за инфективни болести во Констанца.
Потврдуваме дека има мртви – соопшти Министерството за здравство.
Во соопштението се додава дека во болницата биле сместени 113 пациенти, од кои десет на интензивна нега.
Во Романија, која е членка на ЕУ, живеат 19 милиони жители. Во земјата имаше уште два смртоносни пожари во болници во последната година, што предизвика загриженост дека болничката инфраструктура во земјата е застарена.
Минатиот ноември во пожар во одделение за интензивна нега за пациенти со ковид во регионот Неамт загинаа 10 луѓе. Во јануари истотака имаше пожар во одделение во болницата во Букурешт, при што загинаа пет луѓе.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град