Водата од градскиот водовод во Струга е загадена и не треба да се користи за пиење и лична хигиена, соопшти јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“.
Како што е наведено во соопштението, загадувањето, настанало поради дефект во водоводната мрежа.
Ги молиме сите граѓани да не конзумираат вода за пиење, за лична хигиена и производство на прехранбени производи до следното известување. Работните тимови на претпријатието се на терен, за да се реши проблемот – посочува ЈП „Водовод и канализација“ Струга.
Екипите на претпријатието, работат со голем интензитет, пуштени се хидрантите за чистење на водата и се врши хиперхлорирање.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град