Компанијата Фајзер објави дека нејзината вакцина против корона вирусот е ефикасна кај деца од 5 до 11 годишна возраст и дека наскоро ќе бара одобрување од американските власти за употреба.
Компанијата Фајзер објави дека нејзината вакцина против корона вирусот е ефикасна кај деца од 5 до 11 годишна возраст и дека наскоро ќе бара одобрување од американските власти за употреба.
За деца на училишна возраст тестирана е помала доза од вакцината, односно една третина од дозата што ја примаат возрасните. Сепак, било заклучено дека децата на возраст од 5 до 11 години развиваат иста количина на антитела како тинејџерите и младите возрасни.
Ако Фајзер го достави својот документ ЕУА до крајот на септември, а податоците ја потврдат безбедноста за употреба, одобрувањето би можело да се случи во првите неколку недели од октомври … Производот на Фајзер најверојатно ќе биде спремен – пренесе неодамна Ројтерс изјава на неименуван извор кој ја цитира изјавата на главниот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи.
Вакцината произведена од американската компанија Фајзер и германскиот партнер Бионтек, веќе се користи за имунизација на деца постари од 12 години.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град