Новиот претседател на ЕУ е Шведска

Шведска денеска го презема шестмесечното претседавање со Европската унија, од својата претходничка Чешка.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Шведска денеска го презема шестмесечното претседавање со Европската унија, од својата претходничка Чешка.

Приоритети на шведското претседавање ќе бидат отстранувањето на негативните последици на глобалната економска криза, намалувањето на невработеност во ЕУ, како и продолжување на работата на полето на климатските промени.

Акцент на претседавањето ќе биде и гарантирање на отвореноста на ЕУ, јакнење на стратешките партнерства, како и на улогата на ЕУ во мултилатералните форуми и во управувањето со кризни ситуации.

Karl BildКако скандинавска држава, Шведска се очекува посебно внимание да намени на северот на Европа, а наредните шест месеци ќе бидат одбележани со институционални промени во рамките на новоизбраниот Европски парламент, новата Европска комисија, како и отворените прашања во врска со Лисабонскиот договор.

Шефот на шведската дипломатија Крал Билт, пред десетина дена, презентирајќи ги приоритетите на својата земја на чело на ЕУ, во врска со земјите од Западен Балкан го нагласи напредокот во визната либерализација и обврзаноста кон приближувањето до ЕУ, но додаде дека не значи оти сите земји ќе чекорат кон унијата со иста брзина.

„Ако човек нема друга работа, со Западниот Балкан може секогаш да има полни раце работа“, иронично додаде Билт.

Македонија во текот на шведското претседавање очекува да измине правната процедура за укинување на визите за шенгенскиот простор, како и определување на датум за почеток на преговори за полноправно членство во унијата.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top