Земјотрес од 6 по Рихтер ја погоди Кина

Најмалку две лица загинаа денеска, во земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала во провинцијата Сечуан во југозападна Кина, јавија државните медиуми.

 |   | 

Најмалку две лица загинаа денеска, во земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала во провинцијата Сечуан во југозападна Кина, јавија државните медиуми.

Според Синхуа, земјотресот се случил во округот Лусијан на длабочина од 10 километри. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Лужоу (со население од над 4,25 милиони луѓе). Беа пријавени речиси 7.000 евакуирани лица. Според државната телевизија CCTV, повредени се 60 лица. Земјотресот уништи 737 куќи и оштети повеќе од 7.000 згради, јави ДПА, повикувајќи се на „Пиплс дејли”.

Сечуан беше погоден од земјотрес со јачина од 7,9 степени во мај 2008 година, во кој загинаа речиси 90.000 луѓе.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top