Фудбал

Македонија вечерва оди на победа против Романија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје ја пречекува Романија во обид со победа да ја прекине серијата нерешени натпревари во септемврискиот циклус од мундијалските квалификации и да ги задржи шансите за пласман на завршниот турнир во Катар идната година.
 |  инфодеск  | 

По ремито без голови против Ерменија на домашен терен и освоениот бод на гостувањето во Рејкјавик минатата недела, македонските фудбалери се спуштија на четвртото место во квалификациската група Ј со осум бодови, еден помалку и место подолу од вечерашниот противник.

Романија е многу добар тим. Меѓутоа, ние сме фокусирани на нашата игра и како треба да изгледаме на теренот. Ова ќе биде комплетно различен натпревар од оној што го одигравме во Букурешт (во март). Не мислам дека е решавачки. Се надевам дека до самиот крај (на квалификациите) ќе бидеме во игра за второто место во групата. Играчите се мотивирани и подготвени за предизвикот – изјави македонскиот селектор Благоја Милевски на официјалната прес – конференција во Скопје.

Натпреварот е со почеток од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“, а за главен судија е назначен еден од најдобрите европски судии Антонио Лахос од Шпанија.

Во другите два натпревари вечерва од групата Ј, Исланд ја пречекува Германија, додека Ерменија е домаќин на Лихтенштајн.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top