Авион Ербас 310 со 150 патници и членови на екипажот на компанијата Јемениа Ер се урна рано денеска на подрачјето на островите Комори во Индискиот океан.
Авион Ербас 310 со 150 патници и членови на екипажот на компанијата Јемениа Ер се урна рано денеска на подрачјето на островите Комори во Индискиот океан.
„Не знаеме дали некој од 150-те патници го преживеал падот на авионот“, изјави Иди Надхоим, потпретседател на островската држава
Тамошни полициски извори, како што пренесува Макфакс, веруваат дека авионот се урнал во море, 15 минути пред планираното слетување во градот Морони.
Ербасот 310 бил на лет од јеменскиот главен град, а повеќето патници биле коморски иселеници на пат од Париз.
Островската држава Комора ја сочинуваат три вулкански острови сместени во Мозамбичкиот канал, 300 километри северозападно од Мадагаскар и исто толку од африканскиот брег.
Спасувачките екипи во водите на Индискиот Океан во близина на Коморскиот Архипелаг претпладнево ги лоцираа остатоците на авионот на јеменскиот државен авиопревозник „Јеменија ер“ од типот „Ербас-310“, што се урна во раните утрински часови.
Како што јавија западните медиму, спасувачите успела да извадат тела на неколкумина од 142-та патници и 11-те членови на екипажот на авионот.
Како што претходно соопшти потпретседателот на Коморските Острови, Иди Надхоим, авионот паднал во реонот на градот Мицамиули, на главниот остров на Архипелгот Гран Комори.
Според претставник на регионалните служби за безбедност на воздухопловството, авионот паднал на пет до десет километри од брегот. За неговата потрага се мобилизирани цивилни и воени бродови, но временските услови не се поволни, морето е бурно.
„Ербасот“ полетал од францускиот аеродром „Роаси“ за Морони, престолнината на Коморските Острови. Пред да пристигне во Морони исчезнал од радарите.
Превезувал претежно француски и коморски државјани, кои се враќале од француската престолнина.
Коморските Острови се наоѓаат во Мозамбискиот Теснец на Индискиот Океан меѓу островот Мадагаскар и Источна Африка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град