Медиумите јавуваат дека е запленет над тон и пол кокаин.
Поради акцијата во која е запленето најголемо количество дрога кога било во Црна Гора синоќа биле блокирани улици во Подгорица од страна на полицијата.
Им честитам на директорот, менаџментот и службениците на управата на полицијата и царината во историската заплена на кокаин. Го правиме тоа што го ветивме. Црна Гора нема да биде земја на криминал – порача црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ.